Денес ќе се комплетира 25. коло на Втората македонска фудбалска лига со мечот меѓу Големо Коњари и Новаци.
Домашниот тим уште пред неколку кола испадна во Трета лига – Југ, а пак Новаци во улога на фаворит денес оди по трите бодови за потврда на директниот опстанок.
Големо Коњари е на дното со седум бодови, а пак Новаци е осми со 40 бодови и ако ја оправда фаворитската улога ќе има 43 бодови, но без можност за напредок.
Извештајот на Спортска Мрежа од вчерашните седум мечеви е достапен овде.