Кошарка

Вардар со голем пресврт до „брејк“ во Крива Паланка – чекор поблиску до финале!

Сподели
ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија
Сподели



Кошаркарките на Вардар поведоа со 1-0 во полуфиналната серија од плеј-офот во „Шпаркасе Лајф“ Првата лига, откако во драматичен натпревар славеа на гостувањето кај Крива Паланка со 82-80.

Домашниот состав имаше одличен старт и уште во првата четвртина создаде предност (20-14), која дополнително ја зголеми до паузата. Крива Паланка доминираше во првото полувреме и на одмор замина со убедливи 49-30, наметнувајќи се како подобар противник.

Сепак, вториот дел донесе сосема поинаква слика на теренот. Вардар заигра далеку поагресивно и поефикасно, постепено намалувајќи ја негативата. До крајот на третата четвртина разликата беше значително стопена, иако домашните сè уште водеа со 68-56.

Во решавачките моменти, избраничките на тренерот Александар Ашаданов покажаа карактер и трпеливост. Со серија од 7-0 во финишот, предводени од искусната Алексиќ, „црвено-црните“ израмнија на 80-80 на нешто повеќе од минута до крајот.

По неуспешниот напад на Крива Паланка, Трајковска ги постигна поените кои се покажаа како победнички, носејќи му на Вардар прво водство токму во најважниот момент. Домашниот тим имаше две шанси преку Робинсон да избори продолжение, но не успеа да реализира.



Во победничкиот состав се истакна М. Николиќ со дабл-дабл од 23 поени и 10 скока, Алексиќ додаде 16 поени и девет скока, Пислевска запиша 14, додека Тасевска натпреварот го заврши со 11 поени.

Кај Крива Паланка, Робинсон беше најефикасна со 29 поени, Грин додаде 22 поени, девет скока и седум асистенции, додека Ниехуес оствари дабл-дабл од 15 поени и 14 скока.

Серијата сега се сели во Скопје, каде Вардар ќе ја има првата можност да обезбеди пласман во финалето.



Сподели

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Арсими е последниот патник во четвртфиналето откако преку пресврт ја доби Брера во Струмица

Прволигашот Арсими е последниот патник во четвртфиналето од Купот на Македонија, откако во осминафиналето славеше над второлигашот Брера во Струмица преку пресврт со...

Младински фудбалФудбал

Ѓорги Христов: Резултатите во младите категории се важни, но уште поважно е колку фудбалери ќе успееме да создадеме за А репрезентацијата!

Техничкиот директор на младинските национални тимови, Ѓорги Христов, на брифингот со медиумите говореше за досегашните резултати, предизвиците со кои се соочуваат младинските селекции,...

Поврзани написи
Кошарка

ГКК Штип се засили со Американецот Синсир Паркер

ГКК Штип донесе екстра засилување за продолжението од сезоната во кошаркарската Суперлигата...

Кошарка

Мијатовиќ го одработи првиот тренинг, новата ера на МЗТ официјално започна

Со денешниот тренинг и официјално започна новата ера во стручниот штаб, предводена...

Кошарка

Феникс гази без милост, Охрид го урна непоразениот Гостивар, Вардар со пресврт се искачи на врвот!

Седмото коло од Првата македонска кошаркарска лига донесе значајни резултати во двете...

Кошарка

Вардар од минус 21 до голема победа во дербито, МЗТ го урна шампионот, Баскет кам и Пробаскет сигурни!

Петтото коло од „Шпаркасе Лајф“ Првата женска кошаркарска лига донесе големи возбудувања,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!