Фудбал

Започна уредувањето на фудбалското игралиште во Злетово: Следува комплетна обнова на инфраструктурата

Сподели
Сподели



Започнаа активностите за расчистување на просторот околу фудбалското игралиште во Злетово, со што практично се отвора процесот за негова целосна реконструкција и унапредување на условите за спорт.

По првичната фаза на расчистување, предвидено е игралиштето да биде соодветно оградено, по што ќе следуваат активности за обнова на самиот терен.

Во план е и изградба на нов систем за наводнување, како и подготовка за реконструкција на соблекувалните, со цел да се создадат подобри услови за спортистите.

„Најпрвин, по расчистувањето, игралиштето ќе биде соодветно оградено, а потоа ќе се работи на обнова на теренот, изградба на нов систем за наводнување, како и на подготовки за реконструкција на соблекувалните“, истакна градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски.

Со овие активности, локалната самоуправа има за цел да го врати спортскиот живот во Злетово на повисоко ниво и да обезбеди подобри услови за развој на фудбалот во овој регион.



Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Валах го затвори голот, ЕХФ го прогласи за херој на вечерта по триумфот на Вардар!

Вардар 1961 конечно стигна до посакуваната победа во Лигата на шампионите, откако на гостински терен го надигра францускиот Нант со 33-27 и ги...

Ракомет

Чупиќ: „Чекавме еден совршен натпревар и два бода на кои ќе можеме да им се израдуваме“

Ракометарите на Вардар 1961 приредија одлично издание на гостувањето кај францускиот Нант и славеа со убедливи 33-27 во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ ја...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Матеј Гаштаров го продолжи договорот со Црвена Звезда до 2031 година

Македонскиот фудбалски репрезентативец Матеј Гаштаров го продолжи договорот со српскиот гигант Црвена...

ФудбалФутсал

Црна Река како фаворит ќе го пречека Фудбал Старс, Мал Ајакс гостува кај Кратово

Второто коло на Втората футсал лига се отвара во петок со две...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Шампионот Скопје го „прегази“ Кочани со седум гола, хет-трик на Радица Чонева

Со убедливата победа на шампионот Скопје над „фенерџијата“ Кочани од 0:7 беше...

Втора лигаФудбал

Кој ќе го стигне најдобриот стрелец во Втора лига?

По осум кола во Втората македонска фудбалска лига, најдобриот стрелец продолжува да...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!