Останато

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков со поддрршка за македонските таеквондисти кои заминаа на ЕП во Грција

Сподели
Сподели

Репрезентацијата на Македонската традиционална таеквон-до федерација е подготвена за настап на Европското ИТФ првенство кое ќе се одржи во Хераклион, Крит, Грција во периодот од 19 до 26 април. Нашите натпреварувачи ќе ја претставуваат Македонија на големата европска сцена со амбиции за достоен настап и добри резултати.

Пред заминувањето за Грција, македонските таеквондисти добија поддршка и од градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, кој им посака многу среќа и со спортски успех да се вратат дома.

„Ми претставува чест и задоволство да ги испратам нашите млади таеквондисти кои ќе ги бранат боите на Охрид и Македонија на претстојното Европско првенство. Овие млади спортисти се вистински амбасадори на нашиот град. Тие се доказ дека со напорна работа, ниту една цел не е недостижна. Општина Охрид како одговорна локална самоуправа стои цврсто зад своите спортисти и дава безрезервна поддршка. Ви посакувам борбеност, среќа и со спортски успех да се вратите дома! Покажете на светот што знаат охридските деца“, рече градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

Под водство на претседателот Марјанчо Лазаревски, националниот тим ќе настапи со внимателно селектиран состав. Боите на Македонија ќе ги бранат Давид Крстески, Теодора Митреска, Климент Богоески, Христијана Парулеска, Миа Танеска, Божидар Димитриевиќ и Владимир Димитриевиќ. Во составот на репрезентацијата како судија ќе настапи Давид Велковски, додека како официјално лице дел од тимот е Зоран Парулески.

„Градоначалникот Кирил Пецаков им посака среќа и успех на репрезентацијата на Македонска Традиционална Таеквон-до Федерација, која ќе учествува на Европското Таеквон-до ИТФ првенство кое ќе се одржи во Хераклион на Крит, Грција од 19 до 26 април“, рече претседателот Марјанчо Лазаревски.

Македонските таеквондисти заминуваат на шампионатот со желба за силни настапи и достојно претставување на државата на европската сцена.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Останато

Две петти места за Македонија на Европското сениорско првенство во таеквондо во Минхен

Македонските репрезентативци Дејан Георгиевски и Милијана Релиќ го освоија петтото место на...

Останато

Александар Љафтов ја заврши сезоната како вицешампион на Унгарија

Македонскиот репрезентативец Александар Љафтов и неговиот тим Елоре ја завршија сезоната 2025/2026...

Останато

Филип Савовски испиша историја: Двојна круна со Панатинаикос во Грција

Македонскиот репрезентативец Филип Савовски имаше сезона за паметење во дресот на Panathinaikos...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!