Ракомет

Вардар на чекор до големо засилување: Фадуил на мета на „црвено-црните“

Сподели
ФОТО: Tremblay en France Handball
Сподели



Македонскиот ракометен гигант Вардар сериозно работи на засилувањата за следната сезона, а најновото име кое се поврзува со „црвено-црните“ е францускиот среден бек Матео Фадуиле. Станува збор за 23-годишен ракометар кој настапува за Трембли и важи за еден од најперспективните играчи на својата позиција.

Фадуиле игра во одлична форма оваа сезона, каде што се наметна како лидер на својот тим. На досегашните настапи има постигнато над 150 погодоци, што го прави еден од најефикасните играчи во составот на Трембли. Неговата креативност, преглед на играта и голгетерски квалитети го прават идеален профил за засилување на бековската линија на Вардар.

Французинот својата кариера ја градеше во домашното првенство, настапувајќи за екипи како Нант, каде што имаше можност да учи и од македонската легенда Кирил Лазаров. Покрај тоа, беше дел и од Саран (како позајмен играч) и Кретеј, пред да се приклучи на Трембли во 2022 година. Неговите настапи не останаа незабележани, па доби повик и во поширокиот состав на француската репрезентација за подготовките пред Европското првенство.



Иако има договор со Трембли до 2027 година, Вардар е подготвен да плати обештетување за да го донесе во своите редови. Според информациите, голема улога во можниот трансфер игра и желбата на самиот ракометар да се пресели во Скопје и да го облече дресот на најтрофејниот македонски клуб.

Доколку трансферот се реализира, Вардар би добил долгорочно решение на позицијата среден бек и играч околу кого може да ја гради иднината.

Во меѓувреме, „црвено-црните“ се фокусирани и на актуелните обврски, откако го совладаа Алкалоид и обезбедија пласман во финалето на Купот на Македонија, каде за трофејот ќе се соочат со екипата на Охрид.



Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Шкендија се врати на победничкиот пат: Башкими поразен во Гостивар

Шкендија ја прекина серијата од два натпревари без победа и повторно покажа зошто се наоѓа на врвот на табелата во Првата македонска фудбалска...

Прва лигаФудбал

Без голови во Кратово: Силекс пет кола чека на победа, Тиквеш продолжува без пораз

Силекс и Тиквеш одиграа без голови во Кратово, во натпревар во кој ниту еден од двата тима не успеа да ја пронајде вистинската...

Поврзани написи
Ракомет

Хрватски судии за европскиот двомеч на Тиквеш со Еш

Тиквеш ги доби официјалните лица за двата натпревари против Handball Esch од...

Ракомет

Мајдоуб: Ништо не е загубено, сезоната е само на почетокот – против Вардар ќе го дадеме максимумот

Несреќниот пораз од Прилеп е минато, Младост се фокусира на следните предизвици...

Ракомет

Паунков: Мора да го оставиме овој несреќен пораз од Прилеп зад нас, против Вардар да покажеме добра игра

Младост испушти победа од раце против Прилеп на домашен терен, од плус...

Ракомет

Драма до последната секунда: Вардар за малку до сензација против Нант

Вардар беше на чекор до голем триумф во „Јане Сандански“, но Нант...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!