Кошарка

Работнички по потврда на опстанокот во Гостивар

Сподели
ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија
Сподели



Второто коло во Плеј-аут зоната носи уште три натпревари, во кои треба да биде, веројатно уште појасно, која ќе биде третата екипа која во наредната натпреварувачка сезона ќе се пресели во понискиот ранг на натпреварување – Првата македонска лига.

По она првото, екипите на Чаир 2030 и на МКК Куманово, „побегнаа“ уште еден чекор од онааа „опасна зона“.

Истото, дури и повеќе од тоа го направија и кошаркарите на Работнички, кои по дуелот и победата против директниот конкурент, Феникс 2010, сега се два чекори понапред.

И сега им е неопходно да триумфираат уште на некој натпревар во преостанатите четири, и да чекаат неуспех на екипите кои се на местата под нивното, особено на Феникс 2010.

А прва таква шанса им се отвора веќе во сабота навечер (18.часот), на гостински терен, во Гостивар. против домашниот тим, чиј моментален скор (6-17), не е доволен за вмешување во трката за опстанување во оваа конкуренција во која е и екипата на Феникс 2010, која во овој круг од натпреварите има гостување кај последнопласираниот тим на Ангели, во меч кој е закажан за сабота, од 17.часот, во салата „Независна Македонија“ во Скопје.



Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Валах го затвори голот, ЕХФ го прогласи за херој на вечерта по триумфот на Вардар!

Вардар 1961 конечно стигна до посакуваната победа во Лигата на шампионите, откако на гостински терен го надигра францускиот Нант со 33-27 и ги...

Ракомет

Чупиќ: „Чекавме еден совршен натпревар и два бода на кои ќе можеме да им се израдуваме“

Ракометарите на Вардар 1961 приредија одлично издание на гостувањето кај францускиот Нант и славеа со убедливи 33-27 во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ ја...

Поврзани написи
Кошарка

Гевгелија – град на кошарката: девет екипи ќе се натпреваруваат во сезоната 2026/2027

Гевгелија продолжува да ја гради својата кошаркарска приказна, а во пресрет на...

Кошарка

Гостивар и Феникс 2010 немилосрдни, Охрид и Вардар со нови победи во Првата кошаркарска лига

Второто коло од Првата македонска лига во кошарка донесе високи резултати, убедливи...

Кошарка

МЗТ Скопје со трет пораз во ФИБА Еврокупот, Вурцбург славеше на домашен терен

Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром го претрпе третиот пораз во групната фаза...

Кошарка

Кошаркарска драма во Суперлигата: Работнички остана максимален, Кожув славеше во Штип, а Куманово со триумф во Кавадарци

Третото коло од МТЕЛ Суперлигата донесе возбудливи натпревари, драматични завршници и важни...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!