Трета лигаФудбал

Крстевски ќе им суди на Демир Хисар и Света Троица, Лаброски на Влазними и Кораб

Сподели
ФОТО: ФК Света Троица 2021
Сподели



Делегирани судиите за четирите натпревари од 14. коло на Третата македонска фудбалска лига – Југозапад, кои се закажани за утре.

Демир Хисар на домашен терен ќе се соочи со тимот на Света Троица од Охрид, а главен судија ќе биде Александар Крстевски, а ќе му помагаат Горан Танчевски и Бобан Цветаноски.

Делегат на мечот ќе биде Зоран Кокевски, а пак Борче Домазетовски е контролор.

Дерби ќе играат Кравари и Караорман, а правда ќе дели Енис Зекмановски, додека пак негови помошници ќе бидат Љупчо Спиркоски и Михајло Ванкоски.

Делегат на овој меч е Бојан Бочески, а контролор Слободан Павловски.

Лидерот Влазними на домашен терен ќе го пречека тимот на Кораб од Дебар, а главен арбитар е Ѓорѓи Лаброски, помошници се Марио Мојсоски и Кренар Бекри.

Делегат на мечот е Ѓино Грданоски, а за контролор е определен Муамер Рика.

Петар Цфетко ќе ја дели правдата на мечот меѓу Могила и Напредок од Ношпал, а ќе му асистираат Ангела Домазетовска и Алмир Бајрами.

За делегат е одреден Љупчо Ралевски, а за контролор Мендо Дивитаров.

Сите натпревари стартуваат во 16 часот, а екипата на Славеј од Мешеишта оваа коло е слободна.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Фуркан Идризи ќе го суди дербито меѓу Охрид и Работнички, Јордан Јовановски главен во Струмица, Јован Качевски во Радовиш

В сабота се играат сите натпреварите од 9. коло на Втората македонска фудбалска лига, а сите стартуваат во 14 часот. Познати се и...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот Детонит Плачковица, за што Спортска Мрежа прва објави во Радовиш има...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

Втора лигаФудбал

Тренерска вртелешка во Втората лига: седум промени по само осум кола

Тренерската вртелешка во Втората македонска фудбалска лига е во полн ек. По...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!