Ракомет

Ѓукиќ: „Ќе го дадеме максимумот во недела – сакаме прв трофеј во нашите витрини!“

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Охрид е првиот финалист во Купот на Македонија, откако во полуфиналето убедливо го совлада Еурофарм Пелистер со 26-19. Во одлична форма, охриѓани целосно го надиграа актуелниот шампион и заслужено обезбедија место во борбата за трофејот.

Еден од најзаслужните за победата беше Дарко Ѓукиќ, кој постигна 5 гола и по натпреварот даде изјава за Спортска Мрежа, нагласувајќи дека тимот целосно го контролирал мечот и максимално ја искористил подобрата подготовка.

„ Го контролиравме овој натпревар од почеток до крај..пред недела дена победивме во Битола и тоа ни даде самодоверба дека можеме да го победиме и овој меч- и така и направивме. Убаво се подготвивме за Купот, мислам дека имавме повеќе време да се одмориме и подготвиме за разлика од Пелистер, тие играа тежок меч со Алкалоид во вторникот, така што некако времето беше на наша страна. Се подготвивме добро и го одигравме можеби нашиот најдобар натпревар- пред сè во одбрана, па потоа и во напад..примивме само 19 гола, така што мислам дека сите сме презадоволни и ќе дадеме сè од себе за да победиме и во недела, во финалето против победникот од второто полуфинале.“

ФОТО: ГРК Охрид

Во продолжение, Ѓукиќ истакна дека овој пласман има историско значење за клубот и градот, но и дека тимот е подготвен да оди до крај и да се бори за првиот Куп-трофеј.

„ Сите сме пресреќни, направивме еден историски успех за град како што е Охрид, мислам дека градот го заслужува тоа и секако дека ќе го дадеме својот максимум и за да го освоиме Купот во недела. Се истрошивме доста на овој натпревар, но со оглед на тоа дека во некои моменти од мечот имавме и 10 разлика, па тоа ни дозволи и малку повеќе ротација, сметам дека можеби и не сме толку уморни, па дури имаме и три часа повеќе одмор од вториот полуфиналист, така што искрено, мислам дека ќе се обидеме да го донесеме првиот Куп – трофеј во нашите витрини.”- изјави Ѓукиќ за Спортска Мрежа.

ФОТО: ГРК Охрид

Со оваа победа, Охрид ја потврди одличната форма и ја продолжи победничката серија против Пелистер. Во финалето, кое се игра в недела од 20:00 часот, охриѓани ќе се борат за трофејот против победникот од второто полуфинале- Алкалоид или Вардар, со јасна цел – историски прв Куп-трофеј.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Бењамин Ќерими го доби соочувањето меѓу Скопје и Истатов, Блаже Петковски главен во Струмица

Денес ќе биде отворено шестото коло во Првата женска фудбалска лига со натпреварот во Пржино. Познати се и судиите кои ќе ја делат...

Втора лигаФудбал

Качевски ќе им суди на Камјани и Детонит, Пилешков на Пелистер и Охрид, Стојанов главен во Горно Лисиче

Делегирани судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од шестото коло на Втората македонска фудбалска лига. Колото се отвара со шест мечеви...

Поврзани написи
Ракомет

Хрватски судии за европскиот двомеч на Тиквеш со Еш

Тиквеш ги доби официјалните лица за двата натпревари против Handball Esch од...

Ракомет

Мајдоуб: Ништо не е загубено, сезоната е само на почетокот – против Вардар ќе го дадеме максимумот

Несреќниот пораз од Прилеп е минато, Младост се фокусира на следните предизвици...

Ракомет

Паунков: Мора да го оставиме овој несреќен пораз од Прилеп зад нас, против Вардар да покажеме добра игра

Младост испушти победа од раце против Прилеп на домашен терен, од плус...

Ракомет

Драма до последната секунда: Вардар за малку до сензација против Нант

Вардар беше на чекор до голем триумф во „Јане Сандански“, но Нант...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!