Втора лигаФудбал

Трпчевски ќе го суди дербито меѓу Детонит и Брегалница, Дејаноски главен во Струмица, Идризи во Автокоманда

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели



Овој викенд ќе се играат мечевите од 25. коло на Втората македонска фудбалска лига, утре на програмата се седум мечеви, а еден е во недела.

Дербито во Радовиш меѓу Детонит Плачковица и Брегалница го доби Стојанче Трпчевски, кој ќе суди трето дерби на „сините“ претходно со Скопје во Автокоманда и со Шкендија Арачиново во Сингелиќ.

Помошници на Трпчевски во Радовиш ќе бидат Драган Трпчевски и Душко Панов, а пак Ангел Гелов ќе биде четврт судија. Делегат на мечот ќе биде Цветко Костовски, а пак Благој Шуклев е контролор.

Иле Никодиноски ќе биде главен судија на мечот меѓу Шкендија Арачиново и Победа, а помошници се Шенол Шаботиќ и Александар Николоски, а Ненад Тодоровски е четврт судија.

Тони Петков е делегат, а контролор на „Борис Трајковски“ во Маџари ќе биде Никола Божиновски.

Во Кочани се игра мечот меѓу Осогово и Тетекс, каде Јордан Јовановски ќе дели правда, а ќе му асистираат Иван Танев и Стефан Митров, а четврт судија е Блаже Петковски.

Цане Будимов е делегат, а контролор ќе биде Бранко Величковски.

Марјан Дејаноски ја доби довербата да ја дели правдата во Струмица каде се среќаваат Беласица и Кожуф, а покрај аут линиите ќе бидат Виктор Здравев и Иван Ивановиќ, а пак Дејан Младеновски е четврт судија.

Аки Шукрија е делегат на натпреварот во Струмица, а Васил Аџиев ќе биде контролор.



Во Виница ќе се игра мечот меѓу Слога и Вардар Неготино, каде Борче Павловиќ ќе биде главен судија, а ќе му помагаат Иле Мишески и Андреј Ќамилов, а Дарко Стојанов е четврт судија.

Ненад Маркоски е делегат, а Зоранчо Темелков ќе биде контролор.

Во Автокоманда се игра мечот меѓу Скопје и Каменица Саса, а главен судија ќе биде Фуркан Идризи, додека пак Имран Абази и Хабиљ Љиборека се помошници. Четврт судија на „Железарница“ ќе биде Бардхиљ Ибраими.

Зоран Перески ќе биде делегат на овој меч, а контролор е Драган Ристовски.

Дарко Котевски ќе биде главен судија на „Билјанини Извори“ каде играат Охрид и Преспа, а ќе му помагаат Дарко Василевски и Николе Николче Николовски, а пак Владимир Ѓорѓиевски е четврт судија.

Гоце Ефтимов е делегат на овој натпревар, а пак контролор е Зоранчо Илиевски.



Колото се затвара во недела со натпреварот меѓу Големо Коњари и Новаци, а главен судија ќе биде Димитар Левески, додека пак помошни судии ќе бидат Јован Анѓелкоски и Стефан Петрушевски, а Благојче Ралевски е четврт судија.

Делегат на натпреварот ќе биде Тихо Чурлиновски, а Орце Стефановски е контролор.

Сите натпревари ќе започнат во 15:30 часот.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Валах го затвори голот, ЕХФ го прогласи за херој на вечерта по триумфот на Вардар!

Вардар 1961 конечно стигна до посакуваната победа во Лигата на шампионите, откако на гостински терен го надигра францускиот Нант со 33-27 и ги...

Ракомет

Чупиќ: „Чекавме еден совршен натпревар и два бода на кои ќе можеме да им се израдуваме“

Ракометарите на Вардар 1961 приредија одлично издание на гостувањето кај францускиот Нант и славеа со убедливи 33-27 во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ ја...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Матеј Гаштаров го продолжи договорот со Црвена Звезда до 2031 година

Македонскиот фудбалски репрезентативец Матеј Гаштаров го продолжи договорот со српскиот гигант Црвена...

ФудбалФутсал

Црна Река како фаворит ќе го пречека Фудбал Старс, Мал Ајакс гостува кај Кратово

Второто коло на Втората футсал лига се отвара во петок со две...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Шампионот Скопје го „прегази“ Кочани со седум гола, хет-трик на Радица Чонева

Со убедливата победа на шампионот Скопје над „фенерџијата“ Кочани од 0:7 беше...

Втора лигаФудбал

Кој ќе го стигне најдобриот стрелец во Втора лига?

По осум кола во Втората македонска фудбалска лига, најдобриот стрелец продолжува да...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!