КупФудбал

Охрид пред проблем: Полуфиналето од Купот против Силекс не може да се игра на „Билјанини Извори“

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането е преземање на сликата без претходна писмена согласност
Сподели



Фудбалерите на Охрид испишаа историја во Купот на Македонија, откако обезбедија пласман во полуфиналето совладувајќи го актуелниот бранител Вардар по изведување на пенали, со што закажаа двомеч против прволигашот Силекс.

Сепак, пред охриѓани се појави неочекуван проблем. Тимот нема да може да го одигра домашниот натпревар на стадионот „Билјанини Извори“ поради условите поврзани со ВАР-технологијата, па ќе мора да бара алтернативен терен, ексклузивно дознава Спортска Мрежа.

Според информациите на редакцијата на Спортска Мрежа, најреална опција е Охрид да го одигра домашниот полуфинален натпревар на стадионот во Струга, за што веќе клубот ја извести ФФМ за пријавување на тој стадион за одигрување на натпреварот со Силекс.

Според информациите на Спортска Мрежа, управата на Охрид вложи сериозни напори да се овозможат услови за да се одигра мечот на „Билјанини Извори“, но сепак нема зелено светло од ФФМ.

Првиот натпревар од полуфиналето меѓу Охрид и Силекс е закажан за 22 април.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Фуркан Идризи ќе го суди дербито меѓу Охрид и Работнички, Јордан Јовановски главен во Струмица, Јован Качевски во Радовиш

В сабота се играат сите натпреварите од 9. коло на Втората македонска фудбалска лига, а сите стартуваат во 14 часот. Познати се и...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот Детонит Плачковица, за што Спортска Мрежа прва објави во Радовиш има...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

Втора лигаФудбал

Тренерска вртелешка во Втората лига: седум промени по само осум кола

Тренерската вртелешка во Втората македонска фудбалска лига е во полн ек. По...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!