Екипата на Еурофарм Пелистер доживеа тежок пораз од Охрид во полуфиналето од Купот на Македонија, откако загуби со 26:19 и со тоа останува без можност да игра во финалето.
Капитенот на битолчани, Филип Кузмановски по мечот истакна дека навистина боли овој пораз, вели дека сега фокусот ќе биде на тоа што ќе им следува до крајот во Супер лигата.
„Самите сме виновни за овој пораз, навистина боли, Пелистер секогаш сака да оди на победа на секој натпревар. Денес имавме лош ден од почеток на натпреварот до самиот крај. Сега фокусот ќе го ставиме на тоа што н следува во Супер лигата, треба да се бори до крај и да одиграме како што знае Пелистер. Секако дека ми е криво, треба добро да размислиме како го започнуваме натпреварот и како го последна минута се бориме. Денес Пелистер не беше препознатлив како на натпреварот против Алкалоид, му честитам на Охрид и му посакувам многу среќа во финалето“, рече капитенот на Еурофарм Пелистер, Филип Кузмановски.