Прва лигаФудбал

Бењамин Ќерими ќе им суди на Шкупи и Вардар, Пларент Салихи на Пелистер и Македонија ЃП

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели



Делегирани судиите за утрешните два натпревари од 28. коло на Првата македонска фудбалска лига.

Бењамин Ќерими ќе го суди мечот меѓу Шкупи и Вардар каде „вардарци“ се повеќе од апсолутни фаворити за трите бодови, а помошници ќе бидат Александар Ѓурковски и Бранко Путилин, а пак Ндерим Тефику ќе биде четврт судија.

Во ВАР собата ќе бидат Стојанче Стојанов и Кристијан Џонов, додека пак оператор за повторување на снимка ќе биде Петар Мукоски.

Делегат на мечот кој стартува во 13 часот ќе биде Марјан Пишмановски, а пак контролор ќе биде Љубе Ристевски.



Во Битола се игра исклучително важен натпревар за опстанок во Прва лига меѓу Пелистер и Македонија ЃП, а главен арбитар ќе биде Пларент Салихи, додека пак помошници ќе бидат Дарко Јовчевски и Александар Ѓорѓески, а пак четврт судија е Александар Грујоски.

ВАР судија е Александар Урошевиќ, а АВАР е Мартин Дејаноски, оператор за повторување на снимката ќе биде Матеј Димитриевски. Делегат на средбата која стартува во 15 часот ќе биде Жанко Савов, а контролор е Сашо Лазаревски.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Втората женска лига со осум екипи: Билјанини Извори гостува во Радовиш, дебитантски дуел на Башкими и Менада

Новата сезона во Втората македонска женска фудбалска лига ќе започне на 27 септември 2026 година, а во сезоната 2026/27 ќе настапат вкупно осум...

Останато

Бузалковски со два подиуми во Словачка – Со поддршка од министерот за спорт Борко Ристовски по европската вицешампионска титула!

Македонскиот мотоциклист Христијан Бузалковски продолжува со одличните настапи во ФИМ Европскиот шампионат, откако изминатиот викенд на легендарната патека „Словакиаринг“ во Словачка освои две...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стафа: Одиме максимално мотивирано за да извлечеме позитивен резултат

Башкими го остави зад себе лошиот старт на сезоната и серијата од...

Прва лигаФудбал

Ацковски: Кратово е незгодно гостување, но веруваме дека можеме до позитивен резултат

Со триумфот над Шкендија на гостински терен, екипата на Тиквеш покажа дека...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!