Прва лигаФудбал

Најдовски: Шкендија е квалитетна, но ние сме подготвени за победа

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Во Кавадарци попладнево ќе се одигра дерби пресметка, каде што Тиквеш ќе го пречека актуелниот шампион Шкендија.

Овој натпревар го носи епитетот дерби не само поради квалитетот на гостите, туку и поради одличните партии на Тиквеш оваа пролет. Кавадарчани покажаа сериозен напредок, освојувајќи значајни бодови и трансформирајќи се од екипа која се бореше за опстанок во тим што може да се носи со секого.

Со таква форма, Тиквеш денеска ќе влезе мотивирано, со јасна намера да продолжи во ист ритам и да дојде до нов позитивен резултат, надоврзувајќи се на големата победа против Струга Трим Лум (1:2).

„Одигравме еден навистина добар натпревар во Струга, кој беше исклучително важен за нас. Овие три бода ни значат многу и беа клучни во овој момент. Атмосферата во тимот е одлична и продолжуваме со позитивна енергија понатаму“ – вели Никола Најдовски па додава.

„Добро го почнавме претходниот натпревар со Шкендија, први постигнавме гол и имавме контрола во првото полувреме. Сепак, во вториот дел дојде до пад на концентрацијата и натпреварот не се одвиваше како што ние посакувавме, па противникот знаеше да го искористи тој момент. Очекувам еден интересен и возбудлив натпревар, со многу динамика и борба, кој ќе биде атрактивен за гледање“  – вели стандардниот првотимец на Тиквеш, па поентира.

„Ја респектираме Шкендија, станува збор за квалитетен противник, но доколку бидеме максимално концентрирани и ги исполниме тактичките замисли во целост, верувам дека можеме да дојдеме до бодови“ – вели Најдовски.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Камјани се раздели со тренерот Бурхан Емурлаи, кариерата ја продолжува во Азербејџан

Дебитантот во Втората македонска фудбалска лига, Камјани, се раздели со тренерот Бурхан Емурлаи. Клубот информираше дека двете страни постигнале меѓусебен договор за прекин...

Прва лигаФудбал

Ристовски: Почнува целосна реконструкција на фудбалскиот терен на ФК Башкими во Куманово

Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со заменичката Сафије Садики Шаини, претставници на локалната самоуправа и на ФК Башкими, денеска изврши увид во градежните...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Камјани се раздели со тренерот Бурхан Емурлаи, кариерата ја продолжува во Азербејџан

Дебитантот во Втората македонска фудбалска лига, Камјани, се раздели со тренерот Бурхан...

Прва лигаФудбал

Ристовски: Почнува целосна реконструкција на фудбалскиот терен на ФК Башкими во Куманово

Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со заменичката Сафије Садики Шаини, претставници...

Трета лигаФудбал

Радовишанецот Минур Асанов ја засили Брегалница од Делчево

Некогашниот прволигаш Брегалница од Делчево за новата сезона во Трета лига регион...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!