Прва лигаФудбал

Крстевски: Секој натпревар за нас до крајот на сезоната е како финале

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

„Секој натпревар за нас до крајот на сезоната е како финале“, изјави фудбалерот на Шкендија, Ване Крстевски, во пресрет на денешниот дуел против Тиквеш во Кавадарци, кој започнува во 15:00 часот.

Тетовскиот состав, кој ја брани шампионската титула, нема простор за кикс во завршницата од првенството. Во трката за врвот, нивниот главен конкурент Вардар исто така има свој предизвик против Шкупи, па затоа Шкендија ќе мора да оди на сигурна игра и да дојде до победа на ова гостување.

Со оглед на минималната предност од само еден бод на табелата, секој освоен бод е од огромно значење, а целта е јасна – задржување на лидерската позиција во битката за титулата.

„Имавме многу густ распоред сезонава, и постои еден вид физички замор, но заморот не постои во нашите глави. Добро сме подготвени за предизвикот и против Тиквеш подготвени сме да дадеме максимум. Поразот од Пелистер ни послужи  како лекција каде треба да се подобриме, а тоа го покажавме со победата на следниот меч. Сега сме во фаза каде што секој натпревар до крајот ќе биде како финале. Ќе го дадеме максимумот на секој меч, одиме на победа против сите противници. Мечот со Тиквеш ќе биде за нас посебна приказна, и не треба да се базираме на минатите резултати. Играме против квалитетен тим, па затоа е потребна максимална концентрација. Натпреварите против нив се секогаш отворени, и изобилуваат со добар фудбал. Одиме во Кавадарци со една цел – да ги освоиме трите бода“, рече Крстевски.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!