Прва лигаФудбал

Брера размислува на победа на гостувањето кај Силекс во Кратово

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

АП Брера влегува во овој натпревар со само една победа во последните пет кола во Првата лига, па избраниците на Мартин Алаѓозовски ќе се обидат денеска во Кратово да се вратат на победнички патеки. Задачата нема да биде лесна, бидејќи гостувањето кај Силекс секогаш носи голем предизвик. Сепак, струмичани се мотивирани – нивната јасна цел е да го избегнат баражот и да обезбедат директен опстанок во елитното друштво.

„На последните два меча ремизиравме, а бодови ни се потребни за да ја оствариме нашата цел. Имаме респект за Силекс, кој повторно ја пронајде својата добра форма, но ние посакуваме успех на ова гостување во Кратово. Нема да биде лесно, но ќе сториме сѐ да ја оствариме нашата цел“, порачува стратегот на АП Брера, Мартин Алаѓозовски.

Натпреварот меѓу Силекс и АП Брера се игра денес на Градскиот стадион во Кратово, со почеток во 13 часот.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!