Останати репрезентацииОстанато

Контроли со Косово пред Европската лига: Новиот селектор Гавриловиќ ја закажа прозивката

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Женската сениорска репрезентација на Македонија ќе одигра два пријателски натпревари со селекцијата на Косово, како дел од подготовките за настапот во Европската лига 2026, што истовремено е прв дел од циклусот квалификации за Европското првенство 2028 година.

Новиот селектор на дамите, Милош Гавриловиќ првата прозивка ја закажа на 13 мај во СЦ „Форца“ во Скопје, локација на која ќе ги одработи комплетните подготовки, додека двомечот со Косово ќе се игра на 29 и 30 мај. Едниот натпревар ќе се игра во Скопје, додека за вториот меч, кој репрезентацијата ќе го игра на гости, Косовската федерација дополнително ќе го дефинира местото.

Девојките настапот во Европската лига 2026 го започнуваат во Порто, каде се игра првиот турнир. На 6 јуни за противник ја имаат Унгарија, додека на 7 јуни играат со Португалија. Од таму продолжуваат за Шпанија, во Аликанте, каде домаќинот ги пречекува на 12 јуни, а ден подоцна се соочуваат со Азербејџан. Македонија настапот во годинешното издание го завршува на домашен терен кога во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје на 19 јуни ќе ги измери силите со Хрватска, додека на 21 јуни против Словенија ќе го комплетира учеството.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

Шар Планина ја доби Гевгелија – финалето ќе се решава во „мајсторка“!

Кошаркарите на Шар Планина возвратија на вистински начин и изборија решавачки трет натпревар во финалната серија за пласман во Првата македонска лига. Тимот...

Кошарка

Битка за елитата: стартува плеј-офот во Првата кошаркарска лига

По кратката пауза, викендов започнува највозбудливиот дел од сезоната во Првата македонска кошаркарска лига – плеј-офот кој ќе донесе еден нов суперлигаш. Четирите...

Поврзани написи
Останато

Штип УГД го „збриша“ ГОК Борец – „четата“ на Кристиан Ристески блиску до голема историја!

Одбојкарите на Штип УГД со убедлива победа од 3-0 во сетови над...

Останато

Штип УГД и ГОК Борец во битка за историска шампионска титула

Вечерва од 19:00 часот, во салата „Јордан Мијалков“ во Штип, стартува финалната...

Останато

Ѓорческа со пресврт до победа на стартот од W75 ИТФ турнирот во Порторож

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа со победа од 2:1 во сетови (46; 63...

Останато

Одбојкарките ќе играат пријателски натпревари со Косово пред учеството за ЕП

Женската сениорска репрезентација на Македонија ќе одигра два пријателски натпревари против селекцијата...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!