Прва лигаФудбал

Фатмир Бафто ќе го суди мечот меѓу Силекс и Брера, Доне Ристовски на Тиквеш и Шкендија

Сподели
Сподели



Утре со два мечеви се отвара 28. коло во Првата македонска фудбалска лига. Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги делегираше судиите за утрешните два меча.

Во Кратово ќе се игра мечот меѓу Силекс и Брера Струмица, главен судија на овој меч ќе биде Фатмир Бафто, негови помошници ќе бидат Мишо Ѓорѓиески и Климент Ристоски, а пак четврт судија ќе биде Александар Урошевиќ.

ВАР судија ќе биде Пларент Салихи, а пак АВАР судија е Фуркан Идризи, оператор за повторување на снимката е Петар Стојановски.

Делегат на овој меч кој стартува во 13 часот е Драган Блажовски, а пак контролор е Бранко Манојлоски.



Во Кавадарци со почеток од 15 часот започнува мечот меѓу Тиквеш и Шкендија, каде за правдата ќе биде задолжен Доне Ристовски, а ќе му помагаат Гоце Петрески и Дарко Видиниќ, а пак четврт судија е Кирил Смоквоски.

Во ВАР собата ќе бидат Игор Стојчевски и Мартин Петковски, а оператор за повторување на снимката е Деан Стефков.

Делегат на средбата ќе биде Расим Муминовиќ, а за контролор е определен Игор Ширилов.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Во ЖИВО: Санта Колома – Брера Струмица

Во живо од Андора, следете го натпреварот меѓу Санта Колома и Брера Струмица, прв меч од младинската Лига на шампиони. Натпреварот ќе се...

Останати репрезентацииРепрезентација

Јанев и Незири со победа во двојки, Јанев утре против третиот носител

Македонските тенисери Кристијан Јанев и Ерион Незири со победа го започнаа настапот во конкуренција на двојки на Европското првенство за тенисери и тенисерки...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Во ЖИВО: Санта Колома – Брера Струмица

Во живо од Андора, следете го натпреварот меѓу Санта Колома и Брера...

ИнтернационалциФудбал

Познати судиите за првиот предизвик на Брера Струмица во младинската Лига на шампиони

Младинскиот шампион на Македонија, Брера Струмица, денес го започнува европскиот предизвик во...

ФудбалФутсал

КМФ Проект отвора нова страница: Македонскиот шампион останува верен на концептот со млади играчи

КМФ Проект влегува во новата натпреварувачка сезона со јасна визија – продолжување...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!