Останато

Штип УГД го „збриша“ ГОК Борец – „четата“ на Кристиан Ристески блиску до голема историја!

Сподели
ФОТО: ОК Штип УГД
Сподели



Одбојкарите на Штип УГД со убедлива победа од 3-0 во сетови над ГОК Борец ја отворија финалната серија за шампионската титула.

Тимот на Кристиан Ристески одигра фантастичен и доминантен меч, лидерот во првенството имаше контрола во текот на целиот натпревар, а мала неизвесност имаше само во вториот сет.

Актуелниот освојувач на Купот на Македонија првиот сет го доби со 25:15, а тоа за велешани значеше дека во вториот сет ќе мора нешто подобра игра. Отпор имаше, но не доволно, одново штипјани го освоија сетот, но овој пат со 25:22. Во третиот сет Штип УГД ја потврди победата откако го освои сетот со 25:17.

Ова беше реприза на Куп финалето, но сега штипјани беа далеку подоминантни во самата игра и тимот од градот под Исарот оди по нова историја, да се освои по првпат шампионската титула и со тоа Штип УГД да ги обедини двете титули.

Задмард со 15 поени беше најдобар кај Штип УГД, а го следеше Илиев со 13 поени, кај ГОК Борец е истакна Оливера со 14 поени, а Бастос имаше реализација од девет поени.

Вториот меч од финалната серија се игра в понеделник од 20 часот во Велес.



Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Стрмљан предупреди пред реваншот: „Не смееме да ги потцениме, утре повторно мораме да бидеме на 100%!

Охрид е на чекор до пласман во следното коло од ЕХФ Европскиот Куп, откако убедливо го совлада Спор Тото со 36-24 (18-10) на...

Ракомет

ФОТО: Охрид со убедлива победа над Спор Тото ја започна одбраната на европската титула

Со убедлива победа Охрид ја започна одбраната на титулата во Европскиот куп откако во првиот меч во „Билјанини Извори“ славеше убедлива победа од...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Министерот Борко Ристовски го пречека светскиот карате шампион Марко Џорлев

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска во Министерството за спорт го пречека...

Останато

ФОТО: Подновена маркацијата на патеката Зла Страна – Карбула, планинарите со предупредување за тешкиот терен

Комисијата за планинарски патеки при Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ)...

Останато

Стартуваа и кадетите, одиграни првите турнири

По стартот на натпреварувањето во младинските машки и женски лиги, од викендов...

Останато

Македонскиот шампион Штип УГД поразен на дебито во Лигата на шампион, првакот на Холандија максимален

Македонскиот одбојкарски шампион УГД Штип го имаше своето историско деби во Лигата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!