ФудбалЧетврта лига

Турнирот „Ване Трајанов 2026“ во радовишко Злеово успешно заврши: Валаски Градба и Термоинг прв шампион

Сподели
Сподели



Со многу емоции, борба и спортски дух заврши Меморијалниот турнир во мал фудбал на трева „Ване Трајанов“ 2026, кој уште во своето прво издание покажа дека има потенцијал да прерасне во традиционален спортски настан.

Првото место го освои екипата на Валаски Градба и Термоинг, додека второпласирана беше ФК Прналија. Третото место им припадна на младата екипа Стефка Пром, која остави одличен впечаток.

Организаторите доделија и индивидуални признанија за најистакнатите поединци. За најдобар стрелец беше прогласен Никола Ѓоргиев, признанието за најдобар голман му припадна на Кевин, додека за најдобар играч беше избран Роберто Ристов.

Организаторот Мане Рујков не го криеше задоволството од текот и организацијата на турнирот, истакнувајќи за Спортска Мрежа дека овој турнир ќе прерасне во традиција.

„Заврши Меморијалниот турнир во мал фудбал „Ване Трајанов 2026“ во најдобар ред. Упатуваме голема благодарност до сите поддржувачи и спонзори кои сите изразија големи пофалби за самата организација продолжуваме уште подобро и следната година, а целта ќе биде да биде уште шоголем турнирот“, вели Мане Рујков за Спортска Мрежа.

Со Рујков во организацијата беа и Ангел, Мите, Марјан и Александар, а со ваков почеток, јасно е дека турнирот „Ване Трајанов“ има светла иднина и веќе следната година се очекува уште поголемо издание со повеќе екипи.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Димовски пред европскиот двомеч: „Ние ќе го оставиме срцето на теренот, а од трибините нека грми цело Кавадарци!“

Ракометарите на Тиквеш се подготвуваат за европскиот предизвик против Handball Esch од Луксембург во рамки на првото коло од ЕХФ Европскиот Куп. Кавадарчани...

Ракомет

Симиќ пред европскиот двомеч: „Во Кавадарци, во нашата сала и пред ‘Лозари’, ние се прашуваме за сè!“

Ракометарите на Тиквеш го продолжуваат европскиот пат со двомеч против Handball Esch од Луксембург во првото коло од ЕХФ Европскиот Куп. Кавадарчани ќе...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

КМФ Проект отвора нова страница: Македонскиот шампион останува верен на концептот со млади играчи

КМФ Проект влегува во новата натпреварувачка сезона со јасна визија – продолжување...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Осум екипи во новата сезона на Втората женска лига, дури четири дебитанти и еден повратник

Новата сезона во Втората македонска женска фудбалска лига ќе донесе изменет состав...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!