Ракомет

Ракометарките ги дознаа противниците на ЕП 2026: Македонија доби силна група!

Сподели
ФОТО: РФМ
Сподели

Женската ракометна репрезентација на Македонија ги дозна своите противници за Европското првенство 2026, кое ќе се одржи во пет земји – Полска, Романија, Чешка, Словачка и Турција.

Нашата селекција ќе настапи во групата Б, каде ја очекуваат исклучително тешки предизвици против европскиот првак Норвешка, домаќинот Романија и селекцијата на Швајцарија. Натпреварите од оваа група ќе се играат во Клуж-Напока, Романија.

Континенталниот шампионат ќе се одржи од 3 до 20 декември, а за Македонија ова ќе биде уште едно значајно учество на големата сцена, трето во низа, што потврдува континуитет на настапите меѓу најдобрите европски селекции.

До пласманот на ЕП, македонските ракометарки стигнаа преку квалификациите, каде успеаја да обезбедат место меѓу најдобрите и покрај силната конкуренција.

Јасно е дека пред избраничките на селекторот Кристијан Грчевски стои тежок предизвик, но и голема можност за докажување против елитата на европскиот ракомет.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Ракомет

Озтурк не го заборави Охрид: „Се чувствувам како да сум во својот втор дом!“

ГРК Охрид убедливо го отвори европскиот двомеч со Спор Тото, совладувајќи го турскиот претставник со 36-24 (18-10) во првата средба од второто коло...

Поврзани написи
Ракомет

Озтурк не го заборави Охрид: „Се чувствувам како да сум во својот втор дом!“

ГРК Охрид убедливо го отвори европскиот двомеч со Спор Тото, совладувајќи го...

Ракомет

Радовиш убедлив против Партизан во Гевгелија, десет гола на Васе Петров

Ракометарите на Радовиш забележаа нова победа откако во Гевгелија со 25:30 го...

Ракомет

ФОТО: Охрид со убедлива победа над Спор Тото ја започна одбраната на европската титула

Со убедлива победа Охрид ја започна одбраната на титулата во Европскиот куп...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!