Ракомет

РФМ ги делегираше судиите за Ф4 во Струмица – познати арбитрите за полуфиналињата и финалето

Сподели
Сподели

Салата „Парк“ во Струмица викендов ќе биде домаќин на завршниот турнир од Купот на Македонија во машка и женска конкуренција, каде најдобрите екипи ќе се борат за трофеите.

Полуфиналните натпревари кај мажите се закажани за 17 април, додека жените ќе ги одиграат своите полуфиналиња на 18 април. Натпреварите ќе се играат во термините од 17:00 и 20:00 часот, додека финалните средби се предвидени за 19 април.

Во машката конкуренција, во првото полуфинале ќе се сретнат ГРК Охрид и Еурофарм Пелистер, а правдата ќе ја делат браќата Илиевски. Второто полуфинале носи дуел меѓу Алкалоид и Вардар, каде за судењето ќе бидат задолжени Металари и Николовски. Финалето кај мажите ќе го судат искусните Митревски и Тодоровски.

Кај жените, во полуфиналето ќе играат Пелистер и Ѓорче Петров, натпревар што ќе го судат Стефаноски и Глигороска. Во вториот дуел силите ќе ги одмерат Спартак и Чаир, а таму ќе судат Шуковски и Илиевски. Финалниот натпревар ќе им биде доверен на Јашар и Прентоска.

Со ваков распоред и квалитетни дуели, Струмица е подготвена за вистински ракометен спектакл и неизвесна борба за трофеите во Купот на Македонија.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
Ракомет

Озтурк не го заборави Охрид: „Се чувствувам како да сум во својот втор дом!“

ГРК Охрид убедливо го отвори европскиот двомеч со Спор Тото, совладувајќи го...

Ракомет

Радовиш убедлив против Партизан во Гевгелија, десет гола на Васе Петров

Ракометарите на Радовиш забележаа нова победа откако во Гевгелија со 25:30 го...

Ракомет

ФОТО: Охрид со убедлива победа над Спор Тото ја започна одбраната на европската титула

Со убедлива победа Охрид ја започна одбраната на титулата во Европскиот куп...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!