РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Исејни: Турнирот е одлична шанса за развој на младите играчи, градиме тим за иднина

Сподели
Сподели

Струмица е домаќин на развоен турнир организиран под покровителство на УЕФА, на кој покрај селекцијата на Македонија до 16 години настапуваат и репрезентациите на Северна Ирска, Узбекистан и Турција.

Во првиот натпревар, младата македонска репрезентација одигра нерешено 0:0 против Северна Ирска во регуларниот дел. Според пропозициите на турнирот, победникот се решаваше со изведување на пенали, каде што Македонија беше поуспешна и го запиша првиот триумф.

“Северна Ирска како и сите селекции кои го негуваат островскиот стил на игра е незгодни противници. Тоа е тим кој диктира високо темпо во текот на целиот натпревар, силен интензитет на игра и навистина е тешко да им се парира. Сепак ние некако успеавме да најдеме решение за нивната игра и тоа со висок блок и контра напади. Во секој случај ова беше тежок натпревар, но може да кажам дека сум задоволен од прикажаното иако во текот на деведесет минути имаше и многу пропусти”, изјави селекторот Иљами Исејни.

Следен наш противник е репрезентацијата на Узбекистан која на стартот е поразена од Турција со 4:0.

“Тоа е репрезентација која бележи постојан напредок. Имав можност да го следам нивниот настап на дуелот против Турција, која забележа убедлива победа, но нашиот следен противник на моменти пружаше силен отпор. Не очекува уште еден тежок натпревар, кој исто така добро ќе им дојде на играчите за да го стекнат неопходното искуство за идните предизвици”, продолжи Исејни.

Во текот изминативе десетина месеци оваа млада репрезентација одигра серија на контролни натпревари преку кои се селектираат фудбалери што ќе бидат дел од националниот тим во следните циклуси на квалификации за Европските шампионати.

“Голем хендикеп е фактот што не можам да сметам на шест фудбалери кои беа дел од сите претходни собири и покажаа дека на нив треба сериозно да се смета и тоа се играчи кои имаат место во стартната постава. Поради нивното отсуство решив да повикам неколку нови имиња кои на овој турнир треба да се наметнат и да конкурираат за настап во националниот тим”, потенцираше Исејни.

Веќе од јуни оваа репрезентација ќе биде дел од системот на натпреварување на УЕФА за играчи до 17 години и наскоро ги очекува настап во првиот круг квалификациски круг.

“И овој развоен турнир е одлична можност за проверка на можностите на уште неколку фудбалери. За мене тоа е одлична шанса да го следам напредокот на играчите со кои подолг период заедно работиме на овие собири. Оваа генерација веќе од ова лето влегува во натпреварувачкиот систем на УЕФА и нам ни е добредојден секој контролен дуел.Постојано се вежбаат тактички варијанти кои ќе ги применуваме во иднина”, вели Исејни.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

Шар Планина ја доби Гевгелија – финалето ќе се решава во „мајсторка“!

Кошаркарите на Шар Планина возвратија на вистински начин и изборија решавачки трет натпревар во финалната серија за пласман во Првата македонска лига. Тимот...

Кошарка

Битка за елитата: стартува плеј-офот во Првата кошаркарска лига

По кратката пауза, викендов започнува највозбудливиот дел од сезоната во Првата македонска кошаркарска лига – плеј-офот кој ќе донесе еден нов суперлигаш. Четирите...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У16 подобра од Северна Ирска по пенали на УЕФА турнирот во Струмица

Репрезентацијата на Македонија до 16 години со победа го отвори настапот на...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Андов: Нова можност да се стекне потребното искуство

Женската фудбалска репрезентација го продолжи настапот во квалификациите за пласман на Светското...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Унгарија со пет погодоци славеше над Македонија во Битола

Женската репрезентација на Македонија со 0:5 загуби од Унгарија во Битола, во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!