Фудбал

Претседателот на УЕФА Александар Чеферин пристигна во Скопје – голема поддршка за македонскиот фудбал

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

На покана на претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, денеска е во официјална посета на ФФМ.

Оваа посета претставува уште една потврда за одличната соработка меѓу ФФМ и УЕФА, како на институционално, така и на лично ниво. Македонската „Куќа на фудбалот“ ужива висока репутација во европското фудбалско семејство, а присуството на Чеферин дополнително ја нагласува поддршката за развојот на фудбалот во земјата.

ФОТО: ФФМ

Во состав на делегацијата на УЕФА се и Зоран Лаковиќ, директор за национални асоцијации, како и Денис Бастари, раководител за развој на национални асоцијации.

За време на посетата, Чеферин ќе оствари средби на највисоко ниво со претставници на Владата, вклучително и премиерот Христијан Мицкоски и министерот за спорт Борко Ристовски, по што ќе следува и работен состанок во „Куќа на фудбалот“.

Фокусот на разговорите ќе биде насочен кон идните чекори за унапредување на македонскиот фудбал – од реализација на значајни инфраструктурни проекти, до дополнителна поддршка и развој на младинските категории.

Чеферин важи за голем пријател на македонскиот фудбал, а неговата посета е јасен показател за заложбите на ФФМ и претседателот Омерагиќ за континуиран напредок и афирмација на фудбалот.

Се очекува оваа посета да придонесе за продлабочување на соработката преку нови конкретни проекти и иницијативи под капата на УЕФА, со цел создавање подобри услови за развој на фудбалот на сите нивоа.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

(ФОТО) Ништо од дербито: Шампионот Проект убедлив против Бутел со шест гола

Наместо дерби, доминација на теренот, шампионот Проект го „разнесе“ Бутел со резултат...

Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) ФФМ: Правилно признаен гол на Силекс по ВАР проверка на офсајд ситуација

На воведниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран...

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!