Ракомет

Прилеп славеше над Еурофарм Пелистер 2 и останува на врвот во плеј-аутот

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Ракометарите на Прилеп продолжуваат со одличните настапи во плеј-аут фазата, откако на домашен терен го совладаа Еурофарм Пелистер 2 со 29-26 и ја продолжија победничката низа.

Натпреварот донесе израмнета борба во првото полувреме, но прилепчани успеаја да направат пресврт и на паузата заминаа со минимална предност. Во вториот дел, домаќините ја презедоа контролата и со сериозна разлика успеаја да го диктираат темпото, иако гостите се обидоа да се вратат во финишот.

Сепак, Прилеп покажа повеќе сигурност во завршницата и заслужено ги освои бодовите, со што ја продолжи серијата на победи и ја потврди добрата форма.

Со овој триумф, Прилеп се зацврсти на првата позиција во плеј-аутот со 30 бодови, додека Еурофарм Пелистер 2 останува втор со 25 бодови.

Во следното коло, Прилеп ќе има нова можност за бодови против веќе отпишаниот Радовиш на домашен терен, додека Еурофарм Пелистер 2 ќе гостува кај Пролет во обид да се врати на победничките патеки.

Сподели

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Рајт: Возбуден сум што ќе играм пред македонската публика во Скопје

Мозес Рајт пристигна директно од авион во салата „Лазар Лечиќ“, каде веднаш им се приклучи на репрезентативните колеги во подготовките за вечерашниот натпревар...

Фудбал

ФФМ ја усвои стратегијата „Време за фудбал“ 2027- 2031 година

На денешната седница, Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија усвои неколку значајни одлуки, меѓу кои и новата стратегија за развој на македонскиот...

Поврзани написи
Ракомет

Познато колкава суспензија доби Стоилов по црвениот картон на мечот со Куманово

Бутел Скопје ќе биде без својот прв тренер Стојанче Стоилов на претстојното...

Ракомет

Гогов: Против Бутел целта е победа, со полна сала верувам дека повторно ќе го израдуваме целиот Југоисток!

Победата на Младост над Струга доаѓа во вистински момент, минатиот викенд во...

Ракомет

Савревски пред дербито со Пелистер: „Со максимална борбеност можеме да стигнеме до нови бодови!“

По успешната европска недела, ракометните возбудувања продолжуваат со големото дерби меѓу Еурофарм...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!