Ракомет

Вардар донесе египетски бисер: Мохаб Абделхак ново засилување на „црвено-црните“

Сподели
Сподели

Ракометниот клуб Вардар продолжува со засилувањата за новата сезона, а најново име во составот е египетскиот репрезентативец Мохаб Абделхак. Станува збор за еден од најперспективните ракометари од својата генерација, кој игра на позицијата десен бек и доаѓа како значајно засилување за тимот.

Абделхак е леворак ракометар роден на 20 јануари 2003 година во Каиро и веќе е дел од сениорската репрезентација на Египет. Во Вардар пристигнува од редовите на германскиот гигант Кил, каде имаше можност да се развива и да стекне искуство на највисоко ниво.

Неговата кариера започна во египетскиот Ал Ахли, по што следуваше трансфер во француски Ним, каде дополнително го изгради својот потенцијал. Одличните настапи во Франција му донесоа ангажман во Кил, еден од најсилните клубови во Европа.

Со неговото доаѓање, Вардар добива модерен десен бек со силен шут, брзина и интернационално искуство, што ќе донесе дополнителен квалитет и ширина во ростерот за претстојните предизвици.

„Овој трансфер во РК Вардар претставува огромен чекор напред во мојата кариера и горд сум што доаѓам во клуб со толку силна историја и амбиција. Возбуден сум што ќе ја развивам својата игра, што ќе се натпреварувам на повисоко ниво и што ќе го дадам максимумот за тимот. Моите очекувања се да напредувам секој ден и да придонесам за заеднички големи резултати“, изјави Абделхак.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Томовски блескаше, Кузмановски предводеше: Македонија сигурна против Словачка!

Македонската машка ракометна репрезентација направи голем чекор кон нов настап на Светското...

Ракомет

Македонија вечерва го отвора баражот за пласман на Светското првенство

Вечерва од 19:00 часот во „Татран Арена“ во Прешов, машка ракометна репрезентација...

Ракомет

Јовановски останува со Чупиќ, Нечовски доби промоција во сениорскиот тим!

Раководството на клубот продолжува со градење на тимот за наредната сезона, па...

Ракомет

Француско засилување за ГРК Охрид: Адама Кеита носи големо искуство!

ГРК Охрид продолжува со засилувањата за новата сезона, а петто ново име...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!