Втора лигаФудбал

Ресен останува без второлигашки фудбал: Преспа во сабота испаѓа во Трета лига – Југозапад

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели



Ресен имаше можност по долги години да следи второлигашки фудбал, но тоа траеше само една сезона, Преспа во сабота испаѓа во Трета лига – Југозапад по една година.

Ресенчани не издржаа долго во второлигашкото друштво, имаа епизодна улога и од следната сезона одново ќе биде дел од третолигашкото друштво во Југозападниот регион.

Преспа минатата година беше шампион во Трета лига – Југозапад, а во баражот за влез во Втора лига беше убедливо поразена од Слога Виница, која пак беше шампион на Трета лига – Исток. Во ждрепката од поразените екипи Преспа немаше среќа и извини, но потоа ланскиот прволигаш Беса кој испадна во Втора лига се откажа од натпреварување и Преспа на тој начин успеа да влезе во Втора лига.

Донекаде и тоа имаше влијание бидејќи Преспа немаше многу време да склопи тим и да се подготви за второлигашките предизвици.

В сабота Преспа ќе гостува на „Билјанини Извори“ каде ќе се соочи со тимот на Охрид, каде тимот од Ресен тешко дека може да дојде до триумф, па со тоа Преспа и официјално испаѓа во Трета лига – Југ.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Охрид го доби дербито со Работнички и остана на врвот, Брера изненадена во Кочани, реми во Радовиш

Деветтото коло во Втората македонска фудбалска лига донесе важни резултати во трката за врвот, но и неколку изненадувања. Охрид го доби дербито со...

Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во која тетовци ќе атакуваат на нови три бода. Шкендија посакува да...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид го доби дербито со Работнички и остана на врвот, Брера изненадена во Кочани, реми во Радовиш

Деветтото коло во Втората македонска фудбалска лига донесе важни резултати во трката...

Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во...

Прва лигаФудбал

Шкендија – Вардар: големо дерби во Гостивар, битка за бодови и престиж

Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија...

Прва лигаФудбал

Шабани: Го респектираме противникот, но нашата цел се нови три бода

Струга Трим Лум им се врати на победите во минатото коло, а...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!