Ракомет

Куманово во налет: Пролет падна, следува нов предизвик во Струга

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Ракометарите на Куманово продолжуваат со одличните настапи во плеј-аутот, откако на домашен терен го совладаа Пролет со 35-28 и ја продолжија победничката серија.

Домашниот состав уште од самиот старт го наметна ритамот и постепено ја градеше предноста, која во текот на второто полувреме достигна и осум гола разлика. Иако Пролет се обиде да се врати во финишот и ја намали негативата, Куманово не дозволи изненадување и сигурно го приведе натпреварот кон крај.

Со оваа победа, Куманово стигна до 15 бодови и се наоѓа на четвртата позиција на табелата, додека Пролет останува трет со 19 бодови.

Следниот предизвик за Куманово ќе биде гостувањето кај Струга, каде ќе се обиде да стигне до четврта победа во низа. Од друга страна, Пролет ќе бара враќање на победничките патеки во дуелот со Еурофарм Пелистер 2.

Сподели

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Рајт: Возбуден сум што ќе играм пред македонската публика во Скопје

Мозес Рајт пристигна директно од авион во салата „Лазар Лечиќ“, каде веднаш им се приклучи на репрезентативните колеги во подготовките за вечерашниот натпревар...

Фудбал

ФФМ ја усвои стратегијата „Време за фудбал“ 2027- 2031 година

На денешната седница, Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија усвои неколку значајни одлуки, меѓу кои и новата стратегија за развој на македонскиот...

Поврзани написи
Ракомет

Познато колкава суспензија доби Стоилов по црвениот картон на мечот со Куманово

Бутел Скопје ќе биде без својот прв тренер Стојанче Стоилов на претстојното...

Ракомет

Гогов: Против Бутел целта е победа, со полна сала верувам дека повторно ќе го израдуваме целиот Југоисток!

Победата на Младост над Струга доаѓа во вистински момент, минатиот викенд во...

Ракомет

Савревски пред дербито со Пелистер: „Со максимална борбеност можеме да стигнеме до нови бодови!“

По успешната европска недела, ракометните возбудувања продолжуваат со големото дерби меѓу Еурофарм...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!