Ракомет

Струга сигурна против Радовиш – „фенерџијата“ се сели во понизок ранг

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели



Ракометарите на Струга стигнаа до значајна победа во плеј-аут фазата, откако на домашен терен го совладаа Радовиш со убедливи 33-26. Иако гостите имаа минимална предност по првото полувреме, продолжението донесе сосема поинаква слика на теренот.

Стружани заиграа далеку поорганизирано и поагресивно во вторите 30 минути, постепено ја презедоа контролата и го скршија отпорот на ривалот. Клучниот период беше средината на второто полувреме, кога домаќините направија серија и се одлепија на недостижна разлика.

Најефикасен кај победникот беше Наум Костов со девет погодоци, додека кај Радовиш се истакна Васе Петров со шест голови.

Со овој триумф, Струга дојде до првата победа во плеј-аутот и вкупно четврта сезонава, со што ја задржа шансата за опстанок преку бараж. Од друга страна, Радовиш останува закован на дното без освоен бод и веќе е јасно дека следната сезона ќе се натпреварува во понизок ранг.



Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Вицешампионот Еурофарм Пелистер славеше над Младост од Богданци

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја оправдаа фаворитската улога и со убедливи 36-21 го совладаа Младост 1977 од Богданци во натпреварот од осмото коло...

Ракомет

Вардар максимален по осум кола, Тиквеш се намачи со Куманово

Ракометарите на Вардар 1961 продолжуваат со максимален ефект во домашната Суперлига, додека Тиквеш мораше добро да се помачи за да стигне до нови...

Поврзани написи
Ракомет

Вицешампионот Еурофарм Пелистер славеше над Младост од Богданци

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја оправдаа фаворитската улога и со убедливи 36-21...

Ракомет

Вардар максимален по осум кола, Тиквеш се намачи со Куманово

Ракометарите на Вардар 1961 продолжуваат со максимален ефект во домашната Суперлига, додека...

Ракомет

Моќно издание на „гладијаторите“ на Ројевиќ: Охрид го декласираше Спор Тото за следна фаза во Европскиот куп

Охрид со ново моќно издание против турскиот Спор Тото откако славеше со...

Ракомет

Нов пораз за штипјани: Овче Поле го совлада Текстилец УГД во „Тошо Арсов“

Текстилец УГД по одличното отварање на сезоната со четири победи во низа,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!