Прва лигаФудбал

„Лавовите“ се разбудија: Бод од Струмица и крај на црната серија, Брера не е задоволна со реми!

Сподели
ФОТО: ФК Брера Струмица
Сподели

Македонија ЃП стави крај на негативната низа од пет последователни порази, освојувајќи вреден бод на гостувањето кај Брера Струмица (1-1) во рамки на 27. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Домашниот состав беше нешто поактивен во првото полувреме и успеа да ја материјализира иницијативата во 22. минута, кога Филип Михаилов сигурно реализираше пенал за водство од 1-0. Брера имаше уште неколку обиди да ја зголеми предноста, но без конкретна завршница.

Во вториот дел, „лавовите“ излегоа со поофанзивен пристап и бргу ја презедоа контролата на теренот. Напорите вродија со плод во 57. минута, кога Огужан Ајдоган со атрактивен удар донесе израмнување и врати неизвесност во натпреварот.

До крајот, двете екипи се обидуваа да стигнат до победа, но недостасуваше завршниот удар. Иако ремито не им одговараше целосно ниту на едните ниту на другите, гостите од Скопје можат да бидат задоволни што конечно ја прекинаа серијата на порази и останаа во игра за опстанок.



Македонија ЃП сега има 24 бодови и останува во опасната зона, додека Брера со 33 бода ја задржува позицијата во средината на табелата.

Во следното коло, Македонија ЃП ја очекува директен дуел за опстанок против Пелистер во Битола, додека Брера ќе има тешко гостување кај Силекс.

Сподели

Не пропуштајте

Останато

Газели Волеј и Вардар преку тај-брејк до нови победи во Првата лига

Второто коло од Првата одбојкарска лига за жени донесе голема неизвесност и возбудливи натпревари, а Газели Волеј и ЖОК Вардар ЕМ стигнаа до...

Останато

Познат изгледот на Првата А и Б одбојкарска лига во машка конкуренција

По комплетирањето на натпреварите од претколото, познат е составот на двете групи во машката Прва одбојкарска лига за регуларниот дел од сезоната. Екипите...

Поврзани написи
КупФудбал

Познати термините за осминафиналето во Купот на Македонија

Познато е кога ќе се одиграат осминафиналните натпревари од Купот на Македонија,...

Трета лигаФудбал

Реми без голови во Крива Паланка на Осогово и Козјак

Седмото коло во Трета лига регион 2 беше отворено денес во Крива...

Трета лигаФудбал

Убедлива победа за БВК Коњаре, Ржаничино до три бода преку пресврт

БВК Коњаре со убедлива победа го отвори 7. коло во Трета лига...

Прва лигаФудбал

ФФМ: Сите три ВАР-одлуки на дербито Шкендија – Вардар беа исправни

Дерби натпреварот меѓу Шкендија и Вардар, од 11. коло во Прва МФЛ,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!