РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Унгарија со пет погодоци славеше над Македонија во Битола

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Женската репрезентација на Македонија со 0:5 загуби од Унгарија во Битола, во рамки на 3. коло од квалификациите за Светското првенство.

Не требаше многу за Унгарките да стигнат до рана почетна предност кога Емоке Папаи по само три минути постигна гол за водство на од 0:1, а веќе во 9. минута Викторија Панчурова капитулираше по вторпат на својот гол за водство на Унгарија од 0:2, а овој пат стрелаше Диана Чани.

Во 20. минута од средбата Чани со втор гол обезбеди предност од 0:3, а во судиското надополнување на првиот дел Савана беше прецизна за 0:4.

Ваквиот резултат го принуди селекторот Александар Андов да направи тројна измена на полувреме. Рабија Дервиши влезе во игра на местото на Александра Марковска, Пале Николовска беше повлечена, а на нејзино место влезе Катерина Петкова, а имаше измена и на голманската позиција, откако Викторија Панчурова беше повлечена, а на нејзино место меѓу стативите застана Евгенија Вељановска.

Во вториот дел Ана Јулија Цики ги постави конечните 0:5 со што Унгарија лесно ја оправда фаворитската улога и на своето конто додава нови три бодови.



Унгарија е на првото место на табелата со седум бодови, а Македонија со три бодови е трета во групата. Двете репрезентации ќе се соочат на 18 април, но сега на унгарско тло.



Македонија го запиша вториот пораз во квалификациите, откако претходно загуби од Азербејџан во гости со 2:0, а пак ја добивме Андора на домашен терен со 3:0.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

ФК Скопје се засили со Брадаровски и Гордич

ФК Скопје продолжува со засилувањето на составот, а клубот во своите редови донесе две искусни имиња – Владица Брдаровски и Милош Гордич. Брдаровски...

Прва лигаФудбал

Тодоров: Нема да биде лесно, но посакуваме победа на денешниот натпревар

Двете победи во низа донесоа дополнителен оптимизам во редовите на Шкендија Арачиново, која денеска ќе се обиде да ја продолжи позитивната серија против...

Поврзани написи
Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија поразена од Полска, следуваат уште два натпревари на Европското првенство

Машката сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија го претрпе и третиот пораз на...

Останати репрезентацииРепрезентација

Четворица Македонци на Европското првенство У18 во тенис

Македонскиот тениски тим ќе има четворица претставници на Европското првенство до 18...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Втор пораз за младите фудбалерки на Македонија до 15години

На вториот ден од развојниот турнир за девојчиња до 15 години во...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија вечерва против Полска, шампионот кој не знае за пораз на ЕП!

Апсолутниот фаворит во групата Б и актуелен бранител на титулата на ЕвроВолеј...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!