Останато

Капитенот Никола Ѓоргиев со Карловарско во финале, Ристо Николов стави крај на кариерата

Сподели
Сподели

Капитенот на машката сениорска репрезентација, Никола Ѓоргиев, со својот Карловарско обезбеди пласман во финалето на плејофот во чешката Екстралига, откако полуфиналната серија ја завршија убедливо со 3-0 во победи против Дукла Либерец.

Тимот од Карлови Вари, кој регуларниот дел од сезоната го заврши на првото место, доминираше во сите три натпревари, славејќи со 3:1, 3:0 и 3:0. Ѓоргиев блесна на првиот меч со 17 поени и беше најефикасен на теренот, додека во вториот натпревар одигра еден сет и запиша еден ас. Во третиот дуел беше во составот, но не доби минутажа.

Во финалето, Карловарско ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Чешке Будејовице и Прага, каде резултатот во моментов е израмнет на 1-1 во победи.

Во меѓувреме, искусниот македонски интернационалец Ристо Николов стави крај на својата богата играчка кариера. Како капитен на Нефелс, тој ја заврши сезоната како вицешампион на Швајцарија, откако неговиот тим загуби во финалната серија од Амрисвил со 3-0 во победи.

Во последниот натпревар, Нефелс беше поразен со 3:2 (25:20, 18:25, 17:25, 33:31, 12:15), а Николов одигра цел меч и забележа девет поени – пет од напад и четири од блок. Со тоа, средниот блокер достојно ја заокружи својата успешна кариера.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У15 со убедлива победа над Панама го отвори Светското првенство во Баку

Младата репрезентација на Македонија до 15 години со триумф го отвори настапот на Светското првенство во форматот 7+1, кое се одржува во Баку,...

Ракомет

Блажески: Охрид не чувствува притисок од европската круна, целта е нов успех!

ГРК Охрид со уште една убедлива победа над Спор Тото ја потврди својата доминација во второто коло од ЕХФ Европскиот Куп. По триумфот...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Министерот Борко Ристовски го пречека светскиот карате шампион Марко Џорлев

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска во Министерството за спорт го пречека...

Останато

ФОТО: Подновена маркацијата на патеката Зла Страна – Карбула, планинарите со предупредување за тешкиот терен

Комисијата за планинарски патеки при Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ)...

Останато

Стартуваа и кадетите, одиграни првите турнири

По стартот на натпреварувањето во младинските машки и женски лиги, од викендов...

Останато

Македонскиот шампион Штип УГД поразен на дебито во Лигата на шампион, првакот на Холандија максимален

Македонскиот одбојкарски шампион УГД Штип го имаше своето историско деби во Лигата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!