Трета лигаФудбал

ФОТО: Превалец ја доби Тополка во меч за престиж, Влазними Јуниор пресилен, Ултрас и Млекар одиграа без погодоци!

Сподели
Сподели



Денес нови возбудувања во Трета лига – Југ со мечевите од 21. коло, каде тимот на Превалец го доби дербито со Тополка славејќи со резултат од 1:2.

Кристијан Маневски во 33. минута погоди за водство на Превалец од 0:1, но радоста траеше многу кратко бидејќи по три минути Николче Стојанов постигна гол за 1:1 на полувреме.

Во вториот дел Превалец презеде иницијатива за да бара погодок за ново водство, а кое дојде во 73. минута со голот на Ѓоре Црнушев, а воедно тоа беше и конечниот резултат.

Овој триумф е голем и важен за тимот на Превалец кој веќе две децении доминира во Трета лига – Југ, има константно одлични и големи резултати, а како и минатата сезона, така и годинава се бори за второлигашки бараж.

ФОТО: Тополка – Превалец

Ова беше натпревар за престиж и достоинство, а со новите три бодови, Превалец оди кон зацртаната цел, да се освои првото место.

Единствениот меч без погодоци беше тој меѓу Ултрас и Млекар, кои одиграа 0:0 и ги поделија бодови.

Бучин лесно стигна до трите бодови откако на домашен терен со 3:0 го доби Младост од Кривогаштани. Бојан Мицески погоди во 33. минута за отварање на резултатот, а во вториот дел со двата гола на Зоран Мирчески, домаќинот ја потврди високата победа.

Влазними Јуниор на домашен терен славеше висок триумф (4:0) над Питу Гули, во меч каде Хабија Ибраими во 5. минута го отвори резултатот, а до крајот на првиот дел Аделин Демири постигна два гола за 3:0 на полувреме.

Во вториот дел Али Фејзулоски постигна гол за конечни 4:0 и славеј на висок триумф.



Трите бодови останаа во Долни Дисан откако Венец со 2:1 славеше над Башкими од Јаболчиште. Домаќинот постигна два брзи гола стигна до два гола предност на полувреме.

Во 34. минута погоди Жарко Донев за отварање на резултатот, две минути подоцна голгетерот Кирил Неделков беше прецизен за двојна предност. Во вториот дел Елфати Тахири погоди за конечни 2:1.

Во горниот дел од табелата Борец е прв со 52 бодови, Превалец е втор со 49 бодови, а пак Венец од Долни Дисан е трет со 40 бодови. Трката за шампионската титула вредна второлигашки бараж ја одат Борец и Превалец.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!