РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Тежок пораз за младите фудбалерки: Шкотска немилосрдна против Македонија

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Фудбалерките на Македонија до 19 години претрпеа убедлив пораз од селекцијата на Шкотска со 9:0 во натпреварот од второто коло во квалификациите за Европското првенство.

Избраничките на селекторот Кирил Изов беа надиграни уште во првото полувреме, кое заврши со високи 5:0 за противникот.

Шкотска го отвори резултатот во 20. минута преку Софи Блек, а само девет минути подоцна Абигаил Тобин зголеми на 2:0. Во 38. минута Сиена Меголдрик погоди за 3:0, додека Ела Вест во 41. минута стрелаше за 4:0. Конечниот резултат од првиот дел го постави Лаура Бери во 44. минута.

Во второто полувреме Шкотска продолжи со доминацијата. Сиена Меголдрик постигна уште еден погодок и стана двоен стрелец за водство од 6:0. Во 74. минута Оливија Чомчук го постигна седмиот гол, а само четири минути подоцна Исла Тејлор зголеми на 8:0. Конечниот резултат од 9:0 го постави Џесика Хасбанд во 90. минута.

Ова е втор пораз за младите фудбалерки, откако во првото коло беа поразени од Норвешка со 3:0. Во последното коло, македонската репрезентација ќе се соочи со селекцијата на Австрија на 16 април.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторката Катерина Милеска го објави списокот на фудбалерки за квалификацискиот турнир во Грузија

Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години ќе учествува во квалификациите...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Женската кадетска репрезентација ги започна подготовките, Македонија ќе игра против Турција и Грција

Женската кадетска ракометна репрезентација на Македонија ги започна подготовките за настапот во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!