Прва лигаФудбал

Виши: Тежок натпревар, но ние продолжуваме по нашиот пат

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Шкендија ќе се соочи со Шкупи во натпревар каде фаворитот е веќе познат, но тоа не значи дека фудбалерите од Чаир ќе се предадат без борба. Тренерот на Шкупи, Алиса Виши, потенцира дека ова е тежок предизвик, но верува дека секој играч што ќе истрча на теренот ќе го даде својот максимум. Тој се надева дека овој ангажман и пожртвуваност на играчите ќе бидат наградени во следната сезона.

„Нè очекува многу тежок натпревар. Имаме почит кон Шкендија и нивните навивачи. Ние продолжуваме по нашиот пат, а на Шкендија ѝ посакуваме успех до крајот. Горд сум на овие момчиња кои се борат на секој натпревар и го даваат најдоброто од себе. Се надевам дека овој труд и жртва на овие млади фудбалери ќе се исплати во следната сезона“, изјави меѓу другото тренерот на Шкупи, Алиса Виши.

Историјата на меѓусебните дуели говори во полза на Шкендија. Тетовскиот тим брои 22 победи, додека Шкупи досега забележал само 6 триумфи. Она што изненадува е големиот број на нерешени резултати – дури 12 натпревари завршиле без победник.

Натпреварот Шкендија – Шкупи, ќе се игра на градскиот стадион во Тетово, со почеток во 15:30 часот.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

ФОТО: Охрид со убедлива победа над Спор Тото ја започна одбраната на европската титула

Со убедлива победа Охрид ја започна одбраната на титулата во Европскиот куп откако во првиот меч во „Билјанини Извори“ славеше убедлива победа од...

Ракомет

Драмата меѓу Драчево Јуниор и Македонија ЃП заврши без победник, Вардар Неготино го „прегази“ Шампион

Дербито меѓу Драчево Јуниор и Македонија ЃП понуди вистинска драма, а на крај двете екипи мораа да се задоволат со бод, откако одиграа...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) ФФМ: Правилно признаен гол на Силекс по ВАР проверка на офсајд ситуација

На воведниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран...

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на...

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во...

Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!