Прва лигаФудбал

Јакупи: Жалиме за состојбата на Шкупи, Шкендија ќе игра како да е дерби меч

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

После поразот од Пелистер, Шкендија се врати на победничките патеки совладувајќи го тимот на Работнички со 3-0, и доближувајќи му се на првопласираниот Вардар на само еден бод разлика. Денеска тетовските „црвено-црни“ за противник го имаат последнопласираниот тим на Шкупи на домашен терен, и се очекува лесен триумф во трката за првото место на крајот од сезоната.

Од таборот на Шкендија се свесни за ситуацијата во која се наоѓа нивниот противник, но велат дека простор за потценување нема, и дека до крајот на првенството на секој меч ќе одат на победа, без разлика кој им е противник.

„Убедливиот триумф над Работнички имаше многу позитивно влијание врз атмосферата во екипата. По неочекуваниот пораз од Пелистер, мораше да се кренеме и да го продолжиме патот кон одбран на титулата. Сега сме максимално фокусирани кон следниот предизвик, а тоа е екипата на Шкупи. Жал ни е што тим со таква историја е на таква позиција. Но, ние сме Шкендија и без оглед на пласманот, го почитуваме секој противник и ќе бидеме максимално фокусирани до крајот на првенството да дојдеме до што повеќе бодови“, изјави Лорик Јакупи, играчот на Шкендија.

„Мора да ја одржиме позитивна форма, ќе играме како да е дерби натпревар. Нема простор за потценување, нашата цел е да победиме на доминантен и убедлив начин. Не смееме ништо да оставиме на случајот на нашиот пат кон првото место на табелата“, додаде Јакупи.

Мечот се игра на стадионот во Тетово со почеток во 15:30 часот.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

ФОТО: Охрид со убедлива победа над Спор Тото ја започна одбраната на европската титула

Со убедлива победа Охрид ја започна одбраната на титулата во Европскиот куп откако во првиот меч во „Билјанини Извори“ славеше убедлива победа од...

Ракомет

Драмата меѓу Драчево Јуниор и Македонија ЃП заврши без победник, Вардар Неготино го „прегази“ Шампион

Дербито меѓу Драчево Јуниор и Македонија ЃП понуди вистинска драма, а на крај двете екипи мораа да се задоволат со бод, откако одиграа...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) ФФМ: Правилно признаен гол на Силекс по ВАР проверка на офсајд ситуација

На воведниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран...

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на...

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во...

Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!