Втора лигаФудбал

Анализа: Кој ќе издржи до крај? Распоредот открива кој е фаворит за првото место

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа AI
Сподели



На шест кола до крајот трката за првото место ја водат четири екипи – лидерот Брегалница, Охрид, Скопје и Шкендија Арачиново.

Само првото место води директно кон елитата, а пак второто и третото место водат по потешкиот пат до Прва лига, односно преку бараж меч.

Брегалница е на врвот со 55 бодови, а конкурентите имаат два помалку односно 53 бодови за делба на второто место. Но, што вели распоредот, кој тим има најтежок распоред и како до бодови за освојување на првото место.

БРЕГАЛНИЦА

25 коло Детонит Плачковица – Брегалница
26 коло Брегалница – Слога Виница
27 коло Беласица – Брегалница
28 коло Брегалница – Шкендија Арачиново
29 коло Осогово – Брегалница
30 коло Брегалница – Победа

ОХРИД

25 коло Охрид – Преспа
КУП полуфинале Охрид – Силекс
26 коло Тетекс – Охрид
27 коло Скопје – Охрид
КУП полуфинале Силекс – Охрид
28 коло Охрид – Големо Коњари
29 коло Детонит Плачковица – Охрид
30 коло Охрид – Слога Виница

СКОПЈЕ

25 коло Скопје – Каменица Саса
26 коло Преспа – Скопје
27 коло Скопје – Охрид
28 коло Тетекс – Скопје
29 коло Големо Коњари – Скопје
30 коло Скопје – Детонит Плачковица

ШКЕНДИЈА АРАЧИНОВО

25 коло Шкендија Арачиново – Победа
КУП полуфинале Шкендија – Шкендија Арачиново
26 коло Кожуф – Шкендија Арачиново
27 коло Шкендија Арачиново – Вардар Неготино
КУП полуфинале Шкендија Арачиново – Шкендија
28 коло Брегалница – Шкендија Арачиново
29 коло Шкендија Арачиново – Новаци
30 коло Каменица Саса – Шкендија Арачиново



Дополнително проблем за Шкендија Арачиново и Охрид може да биде двомечот од полуфиналето од Купот на Македонија, бидејќи тука двете екипи ќе потрошат сериозна енергија и сила што може да им се рефлектира во првенството, бидејќи Скопје и Брегалница водат борба на еден фронт и тоа може да им биде голема предност.

Брегалница ќе има тешко гостување во Радовиш против Детонит Плачковица, против Беласица во Струмица и против Осогово во Кочани, а на домашен терен ќе биде дербито со Шкендија Арачиново. „Сините“ имаат сигурни бодови против Слога Виница и Победа.

Охрид ќе биде на два фронта – „рибарите“ ќе имаат двомеч во полуфиналето од Купот со Силекс и тука може да загубат многу енергија. Охрид ќе има тешко гостува во Автокоманда во директна пресметка со Скопје, но ќе биде тешко и во Радовиш кај Детонит Плачковица, на останатите мечеви Охрид има „сигурни“ бодови.



Скопје ќе има два дерби меча на домашен терен против Охрид и Детонит Плачковица, а на останатите средби треба да дојде до лесни три бода.

Шкендија Арачиново е на два фронта – во полуфиналето од Купот ќе се соочи со тетовска Шкендија и тоа ќе биде навистина исцрпувачко за тимот на Берат Имери. Шкендија Арачиново во првенството ќе има тешка задача во Гевгелија против Кожуф, ја очекува дербито во Штип против Брегалница, а нема да биде лесно и со Новаци, на останатите средби не би требало да има проблем за тимот од Арачиново да дојде до целиот „плен“.

На шест кола до крајот и 18 бодови во игра, четири екипи во трка за првото место кое директно води кон елитата, второто и третото водат кон баражот за ПМФЛ, а четвртиот тим во целост ќе извиси.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!