Втора лигаФудбал

Костов на чекор до нов подвиг: Брегалница на врвот, штипскиот стратег брка шеста промоција!

Сподели
ФОТО: ФК Брегалница
Сподели



Брегалница е на добар пат да се врати во Првата македонска фудбалска лига, а искусниот стратег Влатко Костов е пред можноста да испише уште едно големо поглавје во својата тренерска кариера.

Во досегашната кариера, Костов дури петпати успеал да внесе екипи од Втора во Прва лига, а последен пат тоа го направи со Пелистер, враќајќи го битолскиот клуб таму каде што припаѓа – во елитата.

Претходно, истиот успех го оствари и со Хоризонт Турново, Брегалница, Куманово и Осогово од Кочани, потврдувајќи го својот квалитет како еден од најуспешните македонски тренери кога станува збор за промоции во повисок ранг.

Сега, 60-годишниот стратег е на чекор до шести ваков успех во кариерата, а воедно и вторпат да ја врати Брегалница во прволигашкото друштво.



На шест кола до крајот на ВМФЛ, Брегалница се наоѓа на врвот на табелата со 55 бодови, два повеќе од конкурентите Охрид, Скопје и Шкендија Арачиново, што најавува возбудлива завршница во битката за пласман во елитата.

Покрај успесите во Втората лига, Костов има и значајни достигнувања во Првата лига – со Ренова ја освои шампионската титула во сезоната 2009/2010, а две години подоцна го подигна и Купот на Македонија (2011/2012).

Брегалница и Костов се на праг на нов голем успех – останува да се види дали искусниот стратег уште еднаш ќе ја потврди својата „златна формула“ за влез во елитата.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во Валандово, каде што актуелниот шампион и освојувач на двојната круна, Проект,...

Ракомет

Охрид ја започнува одбраната на европската круна: Спор Тото гостува во „Билјанини Извори“

Ракометарите на ГРК Охрид денеска ја започнуваат европската мисија во новата сезона, со првиот натпревар против турскиот Спор Тото СК во рамките на...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во...

Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во...

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!