Трета лигаФудбал

Фудбалска сензација во Ношпал – Славеј се врати од минус три и победи, Влазними го доби струшкото дерби со Караорман

Сподели
Сподели



Неверојатен меч се одигра во Ношпал – драмата ја доби Славеј откако тимот од Мешеишта со џиновски пресврт славеше со 3:4 над Напредок, во рамки на 13. коло на Трета лига – Југ.

„Не е можно“ тоа што домашниот тим го „прокоцка“ за само петнаесет минути игра имаше предност од три гола, а на крајот остана без бодови. Христијан Китрозоски по три минути си постигна автогол, а со тоа Напредок дојде до предност од 1:0 Потоа Владе Јанакиевски и Фатон Таировски погодија за 3:0.

Вториот дел донесе неверојатен пресврт. Никола Секуловски во 46. минута постигна гол за 3:1, а во 60. минута Марио Крстески погоди за 3:2. Следуваше нов автогол, овој пат на спротивната страна во 65. минута Михаил Гулугаровски ја стресе својата мрежа за 3:3 што беше вистински шок за домашните фудбалер и домашната публика.

Само четири минути подоцна искусниот голгетер Никола Секулоски постигна втор гол за конечни 3:4 и неверојатен луд пресврт за тимот од Мешеишта.



Трите бодови останаа во Дебар откако Кораб со 3:1 го доби составот на Могила, а благодарение на трите гола на голгетерот Фатјон Леши, а победата доаѓа преку пресврт, бидејќи гостинот преку Хакан Алимовски во 3. минута дојде до водство.

Четири погодоци во Охрид за делба на бодовите на Света Троица и Кравари (4:4). Охриѓани имаа предност од два гола преку Никола Угриноски и Леонид Џајкоски по единаесет минути игра, а потоа Иве Трифуновски погоди за 2:1 на полувреме.

Во вториот дел Трифуновски погоди за 2:2 во 52. минута, по што домаќинот дојде до 4:2 преку Кипријан Петрески и Кристијан Трајаноски, а гостинот преку Темур Емини и Јовица Христовски стигна до конечните 4:4.

Влазними го доби градското дерби во Струга откако со 1:2 славеше на Караорман. Рејхан Џелеши во 34. минута погоди за 0:1 и водство на Влазними, а во 43. минута Лука Богданоски погоди за 1:1.



Сепак, во вториот дел Пајазит Салиу погоди покрај Охридското Езеро за конечни 1:2.

Во рамки на 13. коло слободна беше екипата на Демир Хисар, која требаше да игра со откажаната Велешта.

На врвот од табелата во Трета лига – Југозапад е Влазними со 28 бодови, Славеј од Мешеишта е втор со 26 бодови, а со по 22 бодови Могила и Караорман го делат третото место.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!