Трета лигаФудбал

БВК Коњаре направи „кикс“, Куманово и Беса Сарај со убедливи победи!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели



Фортуна се спаси од пораз на домашен терен откако одигра 1:1 против Студеничани во рамки на 19. коло на Трета лига – Север.

Гостинот во 26. минута стигна до водство од 0:1 преку Риад Кадри, а неизвесноста траеше до 75. минута кога Вулнет Мемети постигна гол за конечни 1:1 и делба на бодовите.

Во меч со седум погодоци Ржаничино на домашен терен загуби од Беса Сарај, со што гостинот стигна до шест победи во низа, а овој пат славеше со 2:5.

Муадх Куртиш постигна хет-трик за гостинот, а по еднаш погодија Шуајб Алити и Муртезан Неризи, за домаќинот единствен стрелец беше Мартин Лазев, а пак Зирап Имери си постигна автогол.

БВК Коњаре „киксна“ на гостувањето кај Аеродром откако одигра 1:1 и со тоа лидерот Еуромилк ГЛ веќе може да се подготвува за второлигашки бараж. Домаќинот преку Петар Блажески го отвори резултатот во 40. минута за водство од 1:0, а гостинот се спаси од пораз преку Гезим Бакиевски во 93. минута.



Во Бутел беа постигнати пет погодоци за пет погодоци за триумф на Башкими Љуботен од 3:2 над Беса од Слупчане.

Домашниот состав стигна до предност од два погодоци преку Енес Самакова и Албан Алија за 2:0 на полувреме. Во вториот дел Башкими Љуботен имаше и три гола предност откако гол постигна Бесар Суља, а потоа гостинот само го ублажи поразот преку Харун Касуми и Арбурим Ајдини за конечни 3:2.

Куманово имаше убедлив триумф од 1:4 над Отља со што некогашниот шампион во овој третолигашки регион имаше лесни три бода. Домаќинот го отвори резултатот преку Буњамин Фатеи во 15. минута, но гостинот до крајот со четири погодоци стигна до пресврт-победа. Андреј Јовановски беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Марко Даовски и Амар Имери.



Некогашниот второлигаш Кадино со 2:1 славеше над Пчиња со што трите бодови останаа дома. Далибор Николовски по една минута игра го отвори резултатот, а гостинот преку Јованчо Цаневски израмни на 1:1 во 16. минута.

Во вториот дел домашниот состав преку Петар Попоски стигна до конечните 2:1 во 53. минута.

Вчера, Еуромилк ГЛ со победа од 0:4 над Лопати го отвори колото, а извештајот на Спортска Мрежа од тој меч е достапен овде.

На врвот е Еуромилк ГЛ со 55 бодови, втор е БВК Коњаре со 48 бодови, па со тоа „лисиците“ веќе се подготвуваат за второлигашки бараж.



Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Втора лигаФудбал

Фуркан Идризи ќе го суди дербито меѓу Охрид и Работнички, Јордан Јовановски главен во Струмица, Јован Качевски во Радовиш

В сабота се играат сите натпреварите од 9. коло на Втората македонска фудбалска лига, а сите стартуваат во 14 часот. Познати се и...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

Втора лигаФудбал

Тренерска вртелешка во Втората лига: седум промени по само осум кола

Тренерската вртелешка во Втората македонска фудбалска лига е во полн ек. По...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!