Втора лигаФудбал

Деби за две деца од школата на Беласица: Петар Трендов и Осман Томе ја добија својата шанса во Прилеп

Сподели
Сподели

Екипата на Беласица оствари убедлива победа на гостувањето во Прилеп, откако славеше со високи 0:5 против Победа, но натпреварот ќе остане запаметен и по уште еден важен момент – дебито на двајца млади фудбалери од сопствениот младински погон.

Шанса за настап добија Петар Трендов и Осман Томе, двајцата родени 2008 година, кои веќе подолг период се дел од тренажниот процес со првиот тим. Трендов настапува на позицијата во средниот ред, додека Томе игра во дефанзивата, и со својот настап го означија почетокот на една нова генерација која чука на вратата на сениорскиот состав.

Од клубот потенцираат дека покрај нив, уште неколку млади фудбалери се во исчекување на својата шанса, што јасно говори за насоката во која се движи Беласица.



Овој потег е доказ дека тренерот Панче Стојанов, заедно со стручниот штаб и претседателот Славчо Васков – Пинда, имаат јасна визија и сериозна доверба во развојот на младите играчи и иднината на клубот.

Со вакви резултати и вложување во сопствениот кадар, Беласица испраќа силна порака дека гради стабилна и перспективна екипа за периодот што следува.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!