Трета лигаФудбал

ФОТО: Ношпал има терен за пример: Напредок поставува стандарди за цела Македонија!

Сподели
Сподели



Во време кога голем број клубови во Македонија се соочуваат со сериозни проблеми околу инфраструктурата и условите за игра, од битолското село Ношпал доаѓа вистинска позитивна приказна која го враќа верувањето во македонскиот фудбал.

Фудбалскиот клуб Напредок, дебитант во Трета лига – Југозапад, располага со терен кој слободно може да се каже дека е пример како треба да изгледа еден фудбалски терен. Тревникот е беспрекорен – рамен, густ и максимално одржуван, на ниво на кое би му позавиделе и многу второлигашки, па дури и прволигашки екипи.

Она што ја прави оваа приказна уште повредна е фактот што зад сето тоа стои исклучиво трудот и љубовта на луѓето од клубот. Без институционална помош, со сопствени средства и рачен труд, управата и фудбалерите го одржуваат теренот – дури и со косачки за двор, што е редок и инспиративен пример за посветеност.

Не е првпат јавноста да слушне за овој „фудбалски бисер“. И претходно Спортска Мрежа пишуваше за теренот во Ношпал кој постојано е во перфектна состојба, а сега повторно потврдува дека континуитетот во работа носи резултати.

Сосема оправдано се поставува прашањето – дали можеби многу клубови од повисок ранг треба да го „побараат рецептот“ од Напредок? Во време кога често гледаме натпревари на жолти, изгорени терени, со троскот и лоша подлога, примерот од Ношпал покажува дека со вистински пристап може да се има терен на врвно ниво.

Од клубот порачуваат дека нивната цел е јасна – создавање на квалитетни услови за младите фудбалери и враќање на фудбалот како гордост во малите средини.

Напредок Ношпал не е само клуб – туку пример како се гради иднината на македонскиот фудбал.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Гевгелија – град на кошарката: девет екипи ќе се натпреваруваат во сезоната 2026/2027

Гевгелија продолжува да ја гради својата кошаркарска приказна, а во пресрет на натпреварувачката сезона 2026/2027, градот ќе има дури девет екипи кои ќе...

Ракомет

РФМ одржа состанок со ракометните судии од Скопје, во фокус реактивирањето на Скопскиот судиски збор

Во просториите на Ракометната федерација на Македонија денеска се одржа состанок со ракометните судии од Скопје, на барање на генералниот секретар на РФМ,...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Тренерска промена во Радовиш: Горан Здравков спогодбено се раздели со Детонит Плачковица

Седма тренерска промена во Втората македонска фудбалска лига, второлигашот Детонит Плачковица и...

Втора лигаПрва лигаФудбал

ФФМ поведе дисциплински постапки против Шкендија Арачиново и Камјани, казни за четворица фудбалери

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе одлуки по одигрувањето на...

ФудбалЧетврта лига

Полет со сигурна победа над Вардар Бистренци, Младост и Лозар ги поделија бодовите

Екипата на Полет од Тремник забележа сигурна победа на гостувањето кај Вардар...

ФудбалФутсал

Бутел го „прегази“ Клими, со пет гола Форца го декласираше Јувентус Серава

Бутел однесе убедлива победа над Клими триумфирајќи на домашен терен со 6:0...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!