Ракомет

РФМ одржа состанок со ракометните судии од Скопје, во фокус реактивирањето на Скопскиот судиски збор

Сподели
Сподели

Во просториите на Ракометната федерација на Македонија денеска се одржа состанок со ракометните судии од Скопје, на барање на генералниот секретар на РФМ, Влатко Тасевски.

Главен акцент на средбата беше ставен на реактивирањето и воспоставувањето функционален Скопски судиски збор, како важен чекор кон подобра организација и унапредување на работата на ракометните судии во главниот град.

На состанокот во фокус беа и подобрувањето на меѓусебната комуникација и координација, како и создавањето услови за континуиран професионален развој на судискиот кадар.



Преку ваквите активности, Ракометната федерација на Македонија настојува да придонесе кон поорганизирана и пофункционална судиска заедница, со поголема соработка и заеднички пристап кон предизвиците во македонскиот ракомет.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера преку Истатов во полуфиналето, Ана Димитровска со четири гола го потона Кочани, домашни победи за Пелистер и Љуботен

Без изненадувања во Купот на Македонија во женска конкуренција, фаворитите лесно обезбедија пласман во полуфиналето. Тиверија Брера со 0:4 славеше во Драчево над...

Кошарка

КФМ бара итна оставка од претседателот на МОК, Даниел Димевски!

Кошаркарската федерација на Македонија побара итна и неотповиклива оставка од претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски, поради несогласувањата околу формирањето на националната...

Поврзани написи
Ракомет

Време е за големо дерби: Вардар Неготино со најдобар напад и најдобра одбрана против Радовиш

Дерби пресметка на два поранешни суперлигаши – Вардар Неготино против Радовиш во...

РакометФудбал

(ФОТО) Ајдуци реагираат: Вчера Астраион, денес Тиверија, струмичка спортска мизерија

Навивачката група „Ајдуци“ од Струмица, на натпреварот од 6. коло на кошаркарската...

Ракомет

Големото ракометно дерби меѓу Вардар и Алкалоид ќе се игра во друга сала!

Големото скопско ракометно дерби меѓу Вардар и Алкалоид, во рамките на 10....

Ракомет

Дербито меѓу Вардар и Алкалоид во малата сала на „Јане Сандански“

Вардар 1961 и Алкалоид ќе го одиграат дербито од 10. коло во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!