ФудбалФутсал

Хет-трик на Јовановски, но Кратово загуби од Каршиака во меч со 15 погодоци

Сподели
ФОТО: КМФ Каршиака
Сподели

Воведниот меч за отварање на 18. коло во Втората футсал лига донесе 15 погодоци за славје на Каршиака од 8:7 над Кратово, со што трите бодови остануваат во Студеничани.

Меч кој донесе многу погодоци, неизвесност, често менување на водството и игра гол за гол особено во првиот дел.

За домашниот тим Бујамин Асани постигна два погодоци, а по еден гол Каршиака постигнаа Хамза Садики, Фејзбула Шабани, Џезаир Рамани и Фуркан Ќани во првиот дел, а во второто полувреме стрелаа Бурим Касами и Сеад Јакупи.

За гостинскиот тим Валентино Јовановски имаше хет-трик, но не беше доволно за неговиот тим да избегне пораз, а пак Драган Стефанов беше двоен стрелец за Кратово, додека Ѓорѓи Ивановски и Давид Стојановски имаа по еден гол.

Екипата на Каршиака продолжува да ја води трката за влез во Првата футсал лига за следната сезона.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

ФОТО: Сигурна победа за Тримо Требње на Нексе Нашице на турнирот во Охрид

Тримо Требње со триумф на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид откако го доби Нексе Нашице со резултат со 26:21. Словенечкиот тим до...

Ракомет

Утре започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп

Утре започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп, а на истиот ќе настапат домаќинот Прилеп, Мулти Есенс, Младост Богданци, Бутел,...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Башкими се засили со младиот Стефан Ристовски и Фати Исмаили

Прволигашот Башкими ангажираше две нови засилувања за продолжението од сезоната, по лошиот...

Фудбал

ФФМ ја повлече поддршката за Инфантино за нов мандат на чело на ФИФА!

По состанокот на претседателите на членките на УЕФА со претседателот и Извршниот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!