Прва лигаФудбал

Струга сигурна со Шкупи, Арсими со „златен гол“ ги освои бодовите во Ѓорче

Сподели
ФОТО: ФК Арсими
Сподели

Со денешните натпревари беше комплетирано 26. коло во Прва македонска фудбалска лига, во кое победи забележаа екипите на Струга Трим Лум и Арсими.

Стружани немаа никакви проблеми против Шкупи и славеа со убедливи 0:3, во меч кој практично беше решен со доминантна игра од самиот почеток. Христијан Малески беше најрасположен со два погодоци, додека еднаш прецизен беше и Рочи. Струга можеше да стигне и до поубедлива победа, но Малески не реализираше пенал во првото полувреме. Со оваа победа, тимот од Струга ја зацврсти позицијата во горниот дел од табелата.

На другиот натпревар, Арсими славеше минимално (0:1) на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров и освои исклучително важни бодови во борбата за опстанок. Решавачкиот момент се случи во 28. минута кога Фатјон Јусуфи ја затресе мрежата, гол кој по ВАР-проверка беше признат.



Во продолжението „лавовите“ се обидуваа да стигнат до израмнување, но без конкретна завршница, додека Арсими беше најблиску до нов погодок преку Олатунбосун, кој ја погоди пречката. На крајот, гостите заслужено ги однесоа трите бода и направија значаен исчекор на табелата.

Колото донесе јасни пораки – Струга ја потврдува формата во битката за врвот, додека Арсими покажува дека нема лесно да се предаде во борбата за опстанок.



Сподели

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

Полет со сигурна победа над Вардар Бистренци, Младост и Лозар ги поделија бодовите

Екипата на Полет од Тремник забележа сигурна победа на гостувањето кај Вардар Бистренци со резултат од 1:3, во меч од 2. коло на...

ФудбалФутсал

Бутел го „прегази“ Клими, со пет гола Форца го декласираше Јувентус Серава

Бутел однесе убедлива победа над Клими триумфирајќи на домашен терен со 6:0 во рамките на 3. коло на Првата футсал лига. Гостинскиот тим...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Полет со сигурна победа над Вардар Бистренци, Младост и Лозар ги поделија бодовите

Екипата на Полет од Тремник забележа сигурна победа на гостувањето кај Вардар...

ФудбалФутсал

Бутел го „прегази“ Клими, со пет гола Форца го декласираше Јувентус Серава

Бутел однесе убедлива победа над Клими триумфирајќи на домашен терен со 6:0...

Втора лигаПрва лигаФудбал

ФФМ: ВАР-интервенциите беа оправдани, судењето на одлично ниво во ПМФЛ И ВМФЛ

Судискиот одбор при Фудбалската федерација на Македонија изврши анализа на клучните судиски...

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Без победник во Подареш, Струмешница убедлива против Слога, Василево со нова победа

Во неделата се одиграа натпреварите од 3. коло на Општинската фудбалска лига...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!