Кошаркарите на ТФТ се на чекор до историски пласман во финалето на АБА 2 лигата, откако со одлична игра славеа на гостувањето кај Сутјеска во Никшиќ и поведоа со 1-0 во полуфиналната серија.
Тимот од Тафталиџе одигра фантастично прво полувреме во кое постигна дури 59 поени и создаде висока предност од 59-41, што се покажа како клучно за конечниот триумф. Во продолжението домаќинот се обиде да се врати, но гостите сигурно ја контролираа ситуацијата и не дозволија пресврт.
Лидер на ТФТ беше Виктор Ташовски со 28 поени, на кои додаде шест асистенции и три скока. Одлична поддршка имаше од Дејвис, кој запиша 14 поени, девет скока и девет асистенции, како и Гордон со „дабл-дабл“ од 14 поени и 12 скока. Двоцифрен ефект имаа и Говенс со 12, како и Стојаноски со 10 поени и шест скока.
Со овој триумф ТФТ направи голем чекор кон финалето и сега има две меч-топки за пласман во завршната серија. Втората средба се игра на 15 април во Скопје, каде македонскиот претставник ќе има шанса пред својата публика да ја завери визата за големото финале.
Македонскиот одбојкарски шампион Штип УГД во среда (21 октомври) ќе го има својот дебитантски настап во Лигата на шампионите, најелитното клупско натпреварување во...
Третото коло од МТЕЛ Суперлигата донесе возбудливи натпревари, драматични завршници и важни победи во борбата за позициите на табелата. Работнички го продолжи максималниот...
Третото коло од МТЕЛ Суперлигата донесе возбудливи натпревари, драматични завршници и важни...
МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ...
Кошаркарскиот клуб Пелистер продолжува со засилувањата за новите предизвици во сезоната. Нов...
Јован Кузмановски е избран за нов претседател на Кошаркарскиот клуб Пелистер од...