Останато

ФОТО: ЏК Дрим Струга со четири медали на „Трофеј Подгорица“

Сподели
Сподели

Џудо клубот Дрим од Струга оствари успешен настап на меѓународниот турнир „Трофеј Подгорица“, кој се одржа во Подгорица, Црна Гора.

Стружани настапија со седум натпреварувачи и се вратија со вкупно четири медали, потврдувајќи го континуираниот напредок и квалитет на клубот на меѓународна сцена.

До сребрени одличја стигнаа Дарио Стојанов и Енил Ајдиноски, додека бронзени медали освоија Мила Стојанова и Мунир Ајдиноски.

Останатите натпреварувачи – Карим Идризоски, Матеј Димитроски и Анастасија Јовческа – иако не стигнаа до пласман, прикажаа одлични борби и стекнаа значајно искуство против силна меѓународна конкуренција.

Од клубот изразија задоволство од прикажаното, истакнувајќи дека борбеноста, дисциплината и спортскиот дух на нивните џудисти се вистински показател дека тимот се движи во вистинска насока и дека ова е само најава за нови успеси во иднина.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Адама Кеита со големи амбиции: „Јас веќе имам зацртано титула како цел за оваа сезона!“

Едно од најзвучните засилувања на ГРК Охрид оваа сезона- Французинот Адама Кеита потпиша за Охрид за сезоната 2026/2027, со можност за продолжување на...

Кошарка

Соколи има амбициозен проект: Промовирани Кам Хамилтон и Џеј Пал од Америка

Кошаркарскиот клуб Соколи ги промовираше двете странски засилувања Кам Хамилтон и Џеј Пал, кој во сезона 2026/2027 ќе го носат дресот на амбициозниот...

Поврзани написи
Останато

ОФМ ги подготвува судиите за новата сезона, отворен повик за нови судиски кадри

Судиската организација при Одбојкарската федерација на Македонија започна со подготовките за новата...

Останато

Две титули за Сара Митевска на турнирот во Скопје Југ Опен 2026

Младата македонска тенисерка Сара Митевска (16) со два трофеи го заврши настапот...

Останато

Дарио Ивановски го заврши маратонот на ЕП во Бирмингем на 46. место

Нашиот најдобар атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски, денес настапи на Европското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!