Ракомет

Стрмљан во последна секунда го шокира Пелистер – Охрид слави голема победа во Битола!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Дербито во Битола донесе вистинска драма и разврска во последната секунда. Со проектил од агол, средниот бек Тилен Стрмљан му донесе голема победа на Охрид над Еурофарм Пелистер со 27-26, носејќи ги охриѓани директно во битката за второто место на табелата.

Со оваа победа, Охрид стигна до 42 бода, колку што има и пелистерскиот состав, па двата тима сега се израмнети на втората позиција. Дополнително, охриѓани се во предност во меѓусебните дуели со две победи, а до крајот ги очекува уште еден натпревар – овојпат на домашен терен.

Натпреварот беше изедначен од самиот почеток, со периоди во кои и двете екипи имаа контрола, но без некоја позначајна резултатска разлика. Домаќините заминаа на пауза со водство од 13-11 и делуваше дека го диктираат ритамот, но ситуацијата на теренот се промени. Осусама Хосни рано заработи директен црвен картон, што сериозно го наруши балансот кај пелистерци.

Драмата кулминираше во последните минути. При резултат 23-23, голманот Никола Митревски одбрани пенал на Ален Ќосевски и ја остави неизвесноста жива. Во продолжение, Жарко Пешевски избори пенал кој Филип Кузмановски го реализираше за водство, но веднаш возврати Дарко Ѓукиќ за ново израмнување.

Во финишот, Пилиповиќ одбрани удар на Кузмановски, по што Лиапис во полуконтра донесе предност за Охрид (25-24), што беше сигнал за тајм-аут на тренерот Алушовски.

Дополнителна драма донесе и исклучувањето на капитенот Гоце Ојлески во 58. минута, па домаќините влегоа во самиот финиш со играч повеќе. Жарко Пешевски го искористи тоа за израмнување, но Анте Иванковиќ повторно донесе предност за Охрид, која Видомски веднаш ја анулираше.

И кога се чинеше дека натпреварот оди кон реми – сцена за херојот на вечерта. Во последните секунди, Тилен Стрмљан испрати неодбранлив удар и му донесе огромна победа на Охрид.

Ова е втор пораз за Еурофарм Пелистер на домашен терен сезонава, откако претходно во Битола славеше и Вардар.

Во следното коло, пелистерци ги очекува тешко гостување кај Вардар, додека Охрид ќе го пречека Тиквеш на домашен терен.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракомет

Астибо до голема победа над Струга на крилата на Анастасија Богоевска, Ева Манева и Ана Марија Накова

Астибо предводен од Габриела Величковска стигна до својата трета сезонска победа откако...

Ракомет

(ВИДЕО) Седум од седум! Пионерите на Младост го освоија Скопје, падна и Алкалоид – богданчани незапирливи!

Пионерите на Младост од Богданци продолжуваат со импресивните настапи во новата сезона....

Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13 – Исток!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!