Женската фудбалска репрезентација до 19 години денеска отпатува за Глазгов, каде од 10 до 16 април ќе настапи во рамките на елитните квалификации за пласман на Европското првенство.
Покрај домаќинот Шкотска, во групата се и селекциите на Норвешка и Австрија – репрезентации кои важат за едни од најквалитетните во Европа. Претстојните натпревари ќе претставуваат сериозен предизвик за оваа млада и талентирана генерација.
“Имаме тешка група, но во оваа фаза од квалификациите сите противници се квалитетни. Очекувам фудбалерките да одиграат на највисоко можно ниво и на секој натпревар да пробаат да се надигруваат со фаворизираните противнички. Немаме намера предвреме да се предадеме, на секој натпревар влегуваме со желба да одиграме на што е можно повисоко ниво и дека ќе се прикажеме во најдобро можно издание”, рече Изов.
Дополнителен проблем за стручниот штаб е и отсуството на неколку клучни фудбалерки, кои ќе бидат во составот на А репрезентацијата.
„Во договор со ФФМ и селекторот на сениорската селекција, четири важни фудбалерки – Меланија Гроздановска, Ева Величковска, Теона Голабовска и Мила Панева – ќе настапат за А репрезентацијата на претстојните натпревари со Унгарија. Тоа за нас е хендикеп, но воедно и можност за помладите да добијат шанса и да го покажат својот потенцијал“, додаде Изов.
Настапот на овој турнир е продолжение на позитивниот тренд и добрите резултати на младинските селекции.
“По успехот на репрезентацијата до 17 години која беше дел од елитните квалификации, еве сега и селекцијата до 19 години се наоѓа меѓу најдобрите национални тимови од Европа. Токму овие две генерации потврдуваат дека можеме да очекуваме подобри денови за женскиот состав, а исто така се надевам дека ќе продолжи трендот на добри резултати и во младинските категории. Овие две селекции треба да се база од која ќе се црпат фудбалерки за сениорскиот тим и очекувам да формираме квалитетна А репрезентација која би била конкурентна во однос на најдобрите европски селекции”, заврши Изов.
Македонија на стартот, на 10 април, ќе се соочи со Норвешка (13:00 часот). Два дена подоцна следи дуелот со Шкотска, додека во последното коло, на 16 април, противник ќе биде Австрија.
Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.
Две дерби пресметки во Првата женска фудбалска лига носи 23. коло, а кои соочувања ќе решаваат за второто место на табелата. Во Струмица...
Денес со седум натпревари ќе стартува 27. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло ќе се затвори утре со мечот меѓу...
Фудбалската федерација на Македонија го промовира новиот дрес на македонската репрезентација, изработен...
Селекцијата до 18 години ќе има уште еден контролен натпревар и на...
Фудбалската репрезентација до 15 години го забележа првиот пораз на Турнирот на...
Кошаркарската федерација на Македонија, како организатор на натпреварот меѓу Македонија и Ирска...