Прва лигаФудбал

Травeли: Се надеваме на победа и три бода против Брера

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Денеска започнува 26-то коло во елитниот македонски фудбал, а на програмата се два натпревари. Екипата на Башкими, по ремито (2-2) против Тиквеш во минатото коло, сега е во потрага по полн погодок на домашен терен во Куманово против тимот на АП Брера.

Овој дуел е посебен за Фодај Травели, поранешниот играч на АП Брера кој сега ги брани боите на Башкими. Тој смета дека тимот е подготвен за овој предизвик.

„Натпреварот против АП Брера е многу важен за нас, бидејќи влегуваме во клучната фаза од шампионатот. Максимално сме фокусирани и подготвени. Се надеваме дека ќе ги освоиме трите бода“, изјави Травeли.

Ова ќе биде трет меѓусебен дуел помеѓу Башкими и АП Брера оваа сезона. Кумановскиот состав сè уште ја чека првата победа против струмичани, кои во претходните две средби забележаа една победа и едно реми. Натпреварот помеѓу Башкими и АП Брера ќе се игра на стадионот на Башкими во Куманово со почеток во 15:30 часот.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го засили ростерот со српскиот плејмејкер

МЗТ Скопје продолжува со комплетирањето на тимот за претстојната сезона, а најново засилување во составот е српскиот плејмејкер Тадија Тадиќ. 27-годишниот бек, висок...

Останато

Пораз за Лина Ѓорческа на стартот на ВТА 125 турнирот во Љубљана

Најуспешната македонска тенисерка Лина Ѓорческа доживеа пораз во првото коло на ВТА 125 турнирот во Љубљана, кој се игра за награден фонд од...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот...

Прва лигаФудбал

Одлични судиски перформанси во 7. коло од Прва МФЛ

По извршената анализа од сите натпревари, вклучително и денес последно одиграниот првенствен...

Прва лигаФудбал

Дебитантот од Арачиново брка излез во Европа, Скопје е на дното, Шкендија на врвот

По седум кола и првата „лупа“ на табелата во Првата македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!