Ракомет

Кирил Лазаров најдобар тренер за 2025 година, РК Алкалоид најдобар клуб, Скопје го одбра најдоброто во спортот

Сподели
Сподели

Скопје синоќа ги прогласи најдобрите спортисти, тренер и спортска екипа за 2025 година. Свечена манифестација во организација на град Скопје и Сојузот на спортови на Скопје.

За најдобар тренер на град Скопје за 2025 година беше прогласен Кирил Лазаров од ракометниот клуб Алкалоид, а токму Алкалоид беше прогласен за најдобра спортска екипа за 2025 година. Минатата година тимот од Автокоманда го освои ЕХФ Купот.

Во младинска категорија за најдобри беа прогласени:
– Филип Блажевски – Таеквондо клуб Бутел
– Андреј Ѓурчиновски – Билјард и снукер клуб Гран Клуб
– Абдул Азиз Азизи – Спортски клуб по борење Шкупи
– Ведрана Тунески – Таеквондо клуб Бутел
– Петар Цеков – Пливачки клуб Вардар 2018
– Јована Мицовска – Карате клуб Макпетрол
– Данило Божовиќ – Карате клуб Макпетрол
– Ива Богдановска – Џудо клуб Миоки
– Максим Митровски – Кик Бокс клуб Шампион
– Милијана Рељиќ – Таеквондо клуб Тигри.



Во сениорска конкуренција град Скопје ги прогласи:
– Стефан Михајловски – Кик Бокс клуб Прокик Фемили
– Вероника Костовска – Карате клуб Олимпик Спорт 2007
– Катерина Ацевска – Џиу Џитца клуб Дан – Кју
– Ангела Мојсовска – Карате клуб Макпетрол
– Христијан Бузалковски – Мото клуб СЕВЕНТУ ОНЕ ТЕАМ
– Тони Лазов – Шаховски клуб Алкалоид
– Дарио Ивановски – Атлетски клуб Скопски Маратон
– Викторија Јовановска – Карате клуб Макпетрол
– Андреас Трајковски – Атлетски клуб Работнички
– Марија Спирковска – Боречки клуб Лирија.

„Денес, со особена чест и искрена почит, им оддадовме признание на најдобрите спортисти, тренери и спортски екипи на Град Скопје, на оние кои со својата посветеност, дисциплина и искрена љубов кон спортот достоинствено го претставуваат нашиот град на највисоко ниво. Ова е ден на почит кон вложениот труд, кон секоја жртва направена на патот до успехот, кон секоја победа што нѐ воздигнува, но и кон секој пораз од кој се учи, се зајакнува карактерот и се станува подобар и посилен. Особена гордост претставува што денес ги наградуваме и нашите млади, јуниорите, иднината на спортот. Вие сте жив доказ дека со упорност, верба и чиста страст, соништата не се далечни, туку достижни. Подеднакво значајни се и нашите сениори, веќе докажани спортисти, кои го носат името на Скопје и на нашата држава со чест и достоинство на меѓународната сцена. Вие сте вистински амбасадори на успехот и на вредностите што градат едно здраво и силно општество. Со посебна чест денес ги истакнуваме и олимпијците, како и спортистите со попреченост – вистинските херои на нашето време. Вашата сила, храброст и истрајност се инспирација за сите нас. Вие не само што ги поместувате границите во спортот, туку ги рушите и бариерите во општеството, отворајќи пат кон еднаквост и почит. Град Скопје останува цврсто определен да го поддржува спортот преку инвестиции, развој на инфраструктурата и создавање услови во кои секој млад човек ќе има можност да се развива, да напредува и да успее“, рече градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.



Во категоријата спортист за лица со инвалидност признанието отиде кај Андреј Стојаноски од пливачки клуб Вардар. Во категоријата спортска екипа на атлети со интелектуална попреченост наградата е доделена на Специјална Олимпијада на Македонија

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракомет

Астибо до голема победа над Струга на крилата на Анастасија Богоевска, Ева Манева и Ана Марија Накова

Астибо предводен од Габриела Величковска стигна до својата трета сезонска победа откако...

Ракомет

(ВИДЕО) Седум од седум! Пионерите на Младост го освоија Скопје, падна и Алкалоид – богданчани незапирливи!

Пионерите на Младост од Богданци продолжуваат со импресивните настапи во новата сезона....

Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13 – Исток!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!